• Latest

Во тек истрага за софтверот за контрола во сообраќајот, сомнение за причинета штета на Буџетот од 180 илјади евра

April 16, 2021
Фото: Скриншот од видео на ВВС

(ВИДЕО) Трамп користејќи пцовки изрази незадоволство од Израел и Иран поради прекршувањето на примирјето

June 24, 2025
фото: скриншот

Фетаи: Методологијата за правичната застапеност ќе се базира на последните резултати од пописот

June 24, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Бројот на жртви во Газа надмина 56.000

June 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Цените на нафтата и златото паднаа на двонеделен минимум по примирјето меѓу Израел и Иран 

June 24, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителството одлучи во корист на новинарот кој со телефон ја снимил портпаролката на Град Скопје

June 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
DW News

САД се целосно посветени на НАТО, вели Руте пред самитот во Хаг

June 24, 2025
Фото: Скриншот Х

Израелските сили убија најмалку 25 лица кои чекале хуманитарна помош во Газа

June 24, 2025

РЕАКЦИИ: „Операцијата“ на САД во Иран – крај за МАГА и Трамп

June 24, 2025

Герила акција – 100 дена Кочани: „Луѓето во одела тие прават злодела“; „Кој ќе ве гласа ако нè убиете или избркате сите“; „Колку крв ви тежат џебовите“

June 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Иран негира дека го прекршил примирјето, по обвинувањата на Израел и заканата со „моќни напади“ врз Техеран

June 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Во тек истрага за софтверот за контрола во сообраќајот, сомнение за причинета штета на Буџетот од 180 илјади евра

April 16, 2021 13:04
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вистината за случајот со набавката на софтвер за контрола во сообраќајот да се провери преку институциите, побара Драги Рашковски во писмото со кое пред два дена си поднесе неотповиклива оставката од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на Програмата на Владата, порачувајќи дека нема затскривање позади функции.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за случајот вчера донесе наредба за спроведува истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, а денеска Рашковски, како осомничен беше спроведени во Основниот кривичен Суд – Скопје пред судија на претходна постапка, каде треба да се одлучува по предлогот за определување на мерка притвор.

Според Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во временскиот период од месец јануари 2019 година до месец јули 2020 година, првоосомничениот со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка спровел јавни набавки спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени согласно прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства и за три економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите и притоа да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Р.С.Македонија во вкупен износ од 11.018.321,00 денари (179 159 евра).

Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Во текот на постапката за јавната набавка наместо преку Електронскиот систем за јавни набавки, првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот, донел одлука за избор и склучување на договор и исплата на фактурите, иако софтверот не бил имплементиран.

Основното јавно обвинителство за организиран криминал на 18 март отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот, а на 9 месецов беше извршен претрес во просториите на фирмата „Инвока груп“ од која е купен софтверот.

Институциите треба да си ја вршат работата, а законите мора да се почитуваат и тоа важи за секој случај за кој постои било каков сомнеж, порача во интервјуто за МИА вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, прашан дали ќе бара одговорност од Рашковски во врска со софтверот за сообраќајни прекршоци.

-Конкретно за овој случај, надлежните институции постапуваат. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори предистрага по допрен глас за набавката на софтверот и соопшти дека се издадени повеќе наредби за прибирање на потребната документација издадени повеќе наредби за прибирање на потребната документација, рече Николовски во интервјуто за МИА.

По оставката на Рашковски, од Владата го повторија ставот дека набавката на софтверот за контрола во сообраќајот е спроведена во целосно транспарентна процедура во целосна согласност со Законот за јавни набавки.

– Владата во неколку наврати ги охрабри институциите да проверат дали се прекршени какви било процедури, правила и стандарди. Уште еднаш потенцираме дека набавката на софтверот е спроведена во целосно транспарентна процедура во целосна согласност со Законот за јавни набавки, институциите имаат потреба од тој софтвер за сообраќај. Истиот е набавен по сума која е спуштена низ тендерската постапка. Тој софтвер е тестиран, исправен, функционален и нашите институции ќе го користат, а бенефит ќе имаат граѓаните и нивната безбедност. Владата работи по највисоките стандарди – професионални, правни, етички и законски постапки и нема да дозволи нарушување на ваквите стандарди за отчетност и транспарентност, појасни владиниот портпарол Душко Арсовски.

Државната комисија за спречување на корупцијата на 10 минатиот месец отвори предмет за набавката на софтвер за контрола во сообраќајот којшто го распишал  Драги Рашковски како генерален секретар на Владата, а се проверува и имотната состојба што ја пријавил во анкетниот лист.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека случајот со Рашковски е “спектакл демократија” обид за дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми во државата. Опозицијата го обвини Рашковски дека потрошил државни пари за софтвер кој не само што не е приоритет во време на пандемија, туку и не може да се користи, настрана што МВР поставила камери на скопските сообраќајници уште во 2012 година преку проектот „Безбеден град“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, на својот Фејсбук профил, реагираше и на тоа дека Рашковски во Судот бил спроведен со „рацете во џеб”, без лисици на рацете.

Денеска Драги Рашковски, како осомничен во случајот за јавна набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци беше спроведени во Основниот кривичен Суд – Скопје пред судија на претходна постапка, каде треба да се одлучува по предлогот на ОЈО за определување мерка притвор, поради опасност од бегство, криење и влијание врз сведоци. На распит е и Даниел Станчевски од Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока груп“ од кое Генералниот секретаријат на Владата купил софтвер за определување на брзина на возила во сообраќај и изрекување казни. И за него обвинителството побара мерка притвор.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ