• Latest

Во тек обуки за претседатели и заменици претседатели на избирачките одбори

October 12, 2021
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Во тек обуки за претседатели и заменици претседатели на избирачките одбори

October 12, 2021 19:29
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска почнуваат дополнителните обуки и повторни обуки за сите претседатели и нивните заменици на избирачките одбори за користење на апаратите за отпечаток од прст, кои ќе управуваат со овие уреди. Планирано е тие целосно да завршат до петок. Ова денеска го соопшти членот на ДИК Борис Кондарко на 30-та седница на Државната изборна комисија (ДИК).

Тој ги повика сите претседатели и нивните заменици на избирачките одбори задолжително да дојдат на обуките, а нивните работадавачи од државната и јавната администрација да ги ослободуваат од работа за таа намена.

Кондарко информира дека ДИК обзебеди соодветен број лица за техничка поддршка за работа на апаратите за отпечаток од прст, кои ќе бидат распоредени во секоја општинска изборна комисија, сразмерно на бројот на избирачките места. Дел од овие лица се обезбедени преку компанијата „Дермалог“, преку МИОА и преку јавен повик на ДИК.

-Гласачкиот материјал деновиве е целосно подготвен и веќе од денеска е почнат транспортот и дистрибуцијата на недоверливиот избирачки материјал до сите општински изборни комисии. Додека доверливиот избирачки материјал, каде спаѓаат гласачките ливчиња и избирачките списоци, кои се комплетно завршени, ДИК со обезбедување од полицијата в четврток ќе го достави до сите општински изборни комисии, каде ќе продолжи да биде обезбедуван од полицијата, рече Кондарко.

В петок, исто така со придружба и обезбедување на полицијата, ДИК ќе ги достави сите уреди за апаратите за отпечаток од прст во сите општински изборни комисии, кои и таму ќе бидат соодветно обезбедни од полицијата. Додаде дека уредите за биометриска идентификација на гласачите се комплетно подготвени и наполнети со отпечатоците од прсти на гласачите од избирачкиот список, добиени од страна на МВР.

Во рамки на 30-та седница на Државната изборна комисија (ДИК), едногласно беа одобрени барањата за добивање овластување за набљудувачи за претстојните локални избори од страна на „Ал Џезеира Балкан“ – дописништво Скопје, НВО „Цивил“, Граѓанска превенција-Превенција за време на избори, Државна изборна комисија на БИХ. Од ДИК информираат дека досега има вкупно 1.102 набљудувачи.

Членовите на ДИК едногласно одлучија вон употреба да се стават печатите користени од избирачките одбори поради тоа што, како што рекоа, некои биле изгубени, а некои нечитливи. Тоа се печатите во ОИК Аеродром, ОИК Брвеница, ОИК Маврово-Ростуше, ОИК Кривогаштани, ОИК Ранковце и ОИК Студеничани… ДИК донесе одлука за утврдување на обликот на 183 печати со број на избирачко место, кои ги користат избирачките одбори при спроведување на гласањето. Печатите ќе се доставуваат со доверливиот материјал од четврток натаму.

На седницата беа избрани претседател и членови за вторите посебни избирачки одбори во општините каде има пријавено поголем број на заразени од КОВИД-19 или лица во самоизолација, во Велес, општина Гази Баба, Карпош, Крива Паланка, Кратово и Куманово. 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ