• Latest

Во Владата средба со тимовите за спасување што помагаа во Албанија

December 2, 2019

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Владата средба со тимовите за спасување што помагаа во Албанија

December 2, 2019 16:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и за европски прашања,  Бујар Османи, и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џафероски, во присуство на албанскиот амбасадор во држвава Фатос Река, денеска во Владата се заблагодарија на републичките сили за заштита и спасување, кои со владина одлука беа упатени во Албанија по катастрофалниот земјотрес. Нашите тимови повеќе од 72 часа работеа на комплексни задачи за да им помогнат на локалните власти во спасување на преживеаните од земјотресот и расчистување на теренот.

-Тажни сме и сочувствуваме со сите погодени во оваа катастрофална трагедија, но и сме горди на нашите тимови кои покажаа врвна стручност и им понудија помош на оние на кои таа им беше најпотребна. Вашиот ангажман никогаш нема да биде заборавен како и фактот дека секогаш остануваме со подадена рака за поддршка за нашите соседи, рече на средбата министерот Спасовски, информира владината прес-служба.

Како што наведе вицепремиерот Османи, сликите од Албанија никого не можат да остават рамнодушен.

-Навистина видов дека вие работевте во исклучителни и животозагрозувачки околности со цел да им помогнете на настраданите. Со тоа го покажавте и вистинскиот имиџ на државата во чија суштина е солидарноста и помагањето, истакна Османи.

Директорот на ДЗС Џафероски, пак,  истакна дека целото општество е гордо на стручноста и пожртвуваноста овие тимови кои во изминатите години се обучуваа да одговорат на предизвиците соодветна реакција на сите природни катастрофи.

Амбасадорот Река, во име на Владата во Тирана, искажа голема благодарност за понудената помош и се што беше сторено во многу тешка ситуација за албанскиот народ.

Според тим лидерот на републичките сили за заштита и спасување, Ивица Наумовски македонскиот тим во Албанија, комбиниран од спасувачи, рудари, пожарникари и други стручни лица, на терен покажа подготвеност да се справи со тешка мисија. Тој во име на сите членови на тимот изрази сочувство до сите кои загинаа во катастрофалниот земјотрес.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ