Изборниот ден во општините Штип и Пласница започна мирно и навремено. Набљудувачите на ЦИВИЛ известуваат дека имало неколку случаи во кои бележат непочитување на здравствените протоколи. На неколку места е забележано отстранување графити на објектите во кои се наоѓаат избирачките места, што е соодветно на правилата.
Во текот на ноќта е забележано кршење на изборниот молк. Линк од прес конференцијата тука.
Со информации за текот на предвремените локални избори за градоначалник во Штип и Пласница, ЦИВИЛ денеска ќе одржи пет прес конференции и тоа во: 11, 13, 17, 19 и 21 часот, по што ќе се одржи и панел дискусија.