Во тек е панел дискусијата на тема „Деполитизација на училиштата“, во организација на ЦИВИЛ, како дел од проектот Европски перспективи, кој Организацијата го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Која е формулата со која конечно ќе можат образовните институции, а со тоа и учениците, да се ослободат од политичките, односно од партиските стеги, како до квалитетен и попрофесионален наставен кадар ослободен од секакво политичко влијание, се прашањата околу кои ќе се дискутира на панелот.
Учеснички на панелот се проф. д-р. Мирјана Најчевска, проф. д-р. Јасна Бачовска, проф. д-р. Катерина Колозова и Џабир Дерала, ЦИВИЛ. Дискусијата ја води Зоран Иванов.