• Latest

Војната е амбис и проклетство, а ние си имаме „наши работи“

October 16, 2023

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Војната е амбис и проклетство, а ние си имаме „наши работи“

October 16, 2023 11:37
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Секоја војна е грозна, мачна и тешка; како што е грозна, мачна и тешка за оние кои војуваат, така е грозна, мачна и тешка за оние над кои се војува.

Израел, повторно, на голем празник („Simchat Torah“, еврејски празник), нападнат е од ненадеж. Половина век измина од славењето на (Jom Kipura 1973., празник кој потекнува од времето на вавилонското ропство), Израел се најде под удар на Хамас, терористичка организација која е поддржана и финансирана од Иран и со која официјална Москва има (намачкани со сите бои?) односи.

Постојат теории дека организаторите на нападот над Израел припремиле слична тактика како за времето на „Јомпикурската борба“, поточно – координирани напади од повеќе правци на израелската држава. Додека го пишувам овој текст, немам информации дали стигнале и други активирани напади на таа милитаристичка офанзива.

Сосема површно и лаички, барем од она што го следам, не е тајна дека Иран со години плете мрежа околу Израел, заедно со Хамас во Газа и Западното крајбрежје, Хезболах во Либан и специјалните единици на Сирија кои се под контрола на Техеран.

Непознаница во целата приказна претставуваат „Арби“, државјани на Израел, поточно, дали и колку меѓу нив има врбувани симпатизери на Хамас, или таканаречни „спијачи“, спремни за терористички акции. Силата на Хамас е голема новина што отвара прашања за „дупките“ и „плиткоста“ на израелските тајни служби.

Има славна изјава на првиот премиер на Израел, Давид Бен Гурион, која гласи: „Нема решение. Помеѓу Арапите и Евреите е амбис кој ништо не може да го пополни. Дури и во претходните 75 години, од кога Израел е основан, само омраза, на двете страни, која е негувана и поттикнувана многу доследно“. Следствено на оваа изјава, во конфликтот помеѓу Палестинците и Израелците не може да има победник затоа што никој нема да признае пораз, велат други извори. На Блискиот исток нема трајни, само привремени решенија.

Така овие денови читам, думам и размислувам за бељите кои се надвиснати над светот. А ниту сум „расен аналитичар“, а уште помалку сум „геополитичар“ или било што кое има предзнак „гео“. Ма, едноставно, се гадам од овие самодефинирани термини како аналитичар и геостратег. Единствено што знам – а другото го исчитувам – војната помеѓу Хамас и Израел, за оваа наша земја, е просторно и емоционално далеку. Ние, овде, за жал, или за среќа, имаме сосема други работи. Поточно се занимаваме со други работи.

На пример, ја коментираме свадбата на синот на Сашо Мијалков, па сега, дали бил сељак или не бил сељак што Цеца му пеела; дали бил даса, фаца, мангуп и така натаму и така наваму; потоа ги коментираме глупавите и несмасни изјави на оној Христијан & Мицкоски; па коментираме дали цената на цвеклото рипнала за цели пет денари; или коментираме дали сме направиле ајвар и колку килограми пиперки сме купиле, па дали биле скапи или евтини, и така натаму и така наваму. И колку „Таче“ е виновен за рипање на цената на цвеклото, пиперките, ајварот и туршијата, а богами и на кој начин влијаеше истиот тој „Таче“ за Сашо Мијалков да направи таква „курч свадба“ за да го види целиот македонски свет. Јебеш, бато, ако не го види нашиот свет „курчот“ што си го направил, башка мора да се знае и женската страна во која куќа влегува, недај боже да биде со некој голтар на точак, кој сака таков мајке?! Има да се забодиш во медот, а љубовта ионака ја измислија комунистите за сиромасите беспари да…

Добро, мала шега не е на одмет. Поцркавме од светскиот јад и беда!

Искрено, на секој нормален и пристоен човек, секоја војна му го одзема здивот, го остава без зборови. А така е можеби и подобро, затоа што оние на кои им се враќа здивот, а можеби и говорот, најчесто од муцките им излегува онаа врста на ужасни зборови така што само ја зголемува количината на јад и беда на светот, намалувајќи ја секоја човечност.

А што ни вели човечноста? Па, тоа, дека секоја војна е војна за земја, територија и простор; секоја војна е за „Голем Израел“ или „Голема Палестина“, и затоа на многу коментатори секоја војна им изгледа безнадежно и нерешливо.

И сите тие измеѓу себе се познаваат толку добро колку што добро се познаваат меѓу себе сите непријатели. Ако беа Израел и Палестина на Алпите, денес ќе беа Швајцарија со нејзините кантони и конфедерално политичко уредување. Што значи тоа? Па, дека секој ќе управува со својата работа, општество, со начинот на живот, со образование, со својата култура, со својот јазик… И за секого ќе има свое место под сонцето. Ама, за жал, тие не се на Алпите.

Ако разберат, ако сфатат, ако им дојде од „задникот во главата“, можеби и еден ден ќе станат „блискоисточна Швајцарија“.

А ние? Ние сме цареви над царевите. Поскапеа пиперките, цената на цвеклото е чист ужас! Чекај, бре, кого ние лажеме: кој јаде пиперки и цвекло во оваа земја? Пиперки печеме затоа што ајварот е нашиот „кумир“, а цвекло купуваме за да не го јадеме, убаво да отстои во фрижидер за потоа да се раскапе од стоење. Ние, брате, без разлика на инфлации, јадеме свинско, телешко, јунешко, јагнешко, скара, ќебапи, пиеме пива, цевчиме ракии и… И чекаме мешечки, поточно лежечки, ако може и ползечки (само немој стоечки, лебати, комшија!) каква ќе биде разврската помеѓу Димитар К. и Христијан М.

Веќе кога сме кај овие двајца, јас сум за да продолжиме со оној Димитар К.; како што беше и до сега, пристојно, човечки и со јасен правец. Оној другиот ми е колеблив, да не речам малку е надвор од фокус: час сака да бидеме како на швајцарските Алпи, а час сака да бидеме како на блискоисточните Алпи. Ви велам, ама се повторувам – матен ми стои овој вториот!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ