• Latest

Војната во Украина : Нова рамка за студената војна во светот (прв дел)

February 28, 2022

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Војната во Украина : Нова рамка за студената војна во светот (прв дел)

Путин заборава дека и другите имаат нуклеарно оружје и дека и тие сакат да си ја бранат својата слобода, начин на животот и границите но не сакаат да ги прекршат принципите на ОН, воспоставени уште по завршетокот на Втората светска војна и колективните договори за безбедност и мир во светот.

February 28, 2022 13:50
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

Што може да добие Украина, а да изгуби Русија после оваа војна, и како тоа ќе се одрази на Европа, а посебно на регионот на Западен Балкан и може ли да биде допинг за Македонија и Албанија да ги започнат преговорите за членството во Унијата.

Во моментот кога ќе биде објавена оваа анализа војна во Украина ќе ја заокружува првата недела на Руска окупација врз една суверена и независна европска држава, само затоа што таа сакаше да го одбере сопствениот понатамошен пат и право да нејзините граѓани самостојно одлучуваат како, кога и со кого ќе стапуваат во пријателски односи и сојузи.
Како, и во кој правец може да се одвива понатамошниот развој на ситуацијата во моментот кога според податоците на УНХЦР скоро 400 илјади бегалци од украинските градови веќе ја преплавија Европа, пред се соседните земји Полска, Чешка, Романија, Унгарија. Путин како да губи чувство за реалност издаде наредба нуклеарните снаги да се стават во состојба на висока готовност.
Може ли во самата Русија да се создаде критична маса која ќе му каже на Путин да одземе „гас“ и да ја запре воената машинерија која светот го води во пропаст? Сака ли Путин да нацрта новата рамка за студената војна?
Светот многу очекува од  преговорите помеѓу Русија и Украина кои ќе почнат на  границата помеѓу Украина и Белорусија. Русија има максималистички барања, позициите на Украина се познати, она што можеби оди во прилог на Украина е голема и непоколеблива поддршка на слободоумниот свет и се поголеми трошоци кои Русија ги има поради оваа војна како и голема економска и финансиска штета која допрва ќе ја претрпи руското стопанство поради воведените и најавените нови санкции.

Погрешна проценка на Путин

Руските трупи се навлезени во Харков. Во Киев се водат Уличните борби, Русите за само два дена дојде до Киев, многу украински градови се или потполно опколени или се веќе во рацете на руските војници. Како што ексклузивно објави ЦИВИЛ Медиа Белорусија влегува директно во војна со Украина. Единици на белоруските специјални сили во моментов се во воени транспортни летала за десант врз Киев и Житомир.
Тешко е во овој момент да се каже уште колку ќе трае оваа брутална агресија и со ништо непредизвикана војна.  Ако ги имаме во предвид кои се крајните цели на Русија односно на претседателот Путин тој без сомнение е спремен и на подолготрајна војна. Но изгледа направил погрешна проценка за украинскиот одговор на агресија. Руската армија трпи огромни загуби. Над 3000 руски војници веќе загинале до крајот на третиот ден од руска инвазија потврдил генералштаб на Украина. Заробени се 200 руски војници урнати 16 воени авиони, 18 хеликоптери, уништени се 102 тенка и повеќе од 540 разни типови на оклопни возила. Уништен е еден против ракетен систем од типот БУК 1 и автомобилска опрема за над 20 воени единици.
Путин планираше спектакуларно без отпор да ги освои украинските градови. Сега веќе ја менува тактиката, нема да оди на тоа да ги окупира главните градовите него ќе гледа да стегне обрач околу Киев бидејќи влегувањето во главните градовите  би предизвикало и уште поголеми улични борби, урбано војување што би нанело големи штети кај руската армија. Доколку Русија би се обидела да ги заземе градовите на Украина на спектакуларен начин слично како во Втората светска војна тоа би предизвикало и големи човечки жртви и големи материјални штети и издатоци. Според сите проценки такво нешто не би требало да се очекува бидејќи тоа би предизвикало и уште поголема огорченост и реакции кај меѓународна јавност. Руската јавност е веќе иритирана поради разурнувањата на Киев што и нанесува огромна штета на самиот углед на Русија. Бидејќи Киев има историски значај и историско наследство не само за Украина него и за цела Русија. И во самата Русија имаме веќе „скриени“ протести поради војната во Украина кои резултираат со масовни апсења на демонстрантите. Но сите протести се придушени, малобројни и под силна полициска репресија.

Нова политичка рамка на Исток

Освен со санкции кон Москва, Запад и САД за сега нема на друг начин да се вмешаат во украинско -руската војна. Воената помош која ја најави Германскиот канцелар Олаф Шолц од 500 стингер ракети и 1000 против оклопни проектили нема да бидат доволни да се победи Русија. Претседателот на Украина бара средба и директни преговори со Путин за прекин на војната. Кремљ соопшти дека руската делегација е спремна во Белорусија да седне и да разговара со Украина за престанок на војна, но претседателот на Украина Володимир Зеленски го одби овој предлог бидејќи не сака да ги води разговорите во земја  од каде се бомбардира Украина и спремен е за било која друга локација. Светот е во очекување да ги чуе резултатите од најавените преговори на украинско белоруската граница. Да се надеваме дека за време на преговорите без оглед колку ќе траат и колку долго ќе траат во иднина, ќе владее примирје.
Постои добра волја и на европската и на украинската страна да се седни за преговарачката маса. Своите услуги ги понудија и Унгарија и Полска, и Турција, но Москва бара прво Украина да прогласи капитулација што е неприфатливо и конфликтот влегува во сериозна фаза на војна. „Блицкириг“  кој Русија го спроведе во средина на неделата неги даде очекувани резултати не само поради силен отпор на украинците, туку  и според очигледно погрешната проценка на Москва за состојбата и спремност на украинската армија да ја брани земјата.
Понатамошниот воен судир со Русија би бил поразителен и за Европа, и не само за членките на ЕУ но и за Украина како најголема жртва, а секако и за Русија.

Путин купуваше време

Се покажа дека разговорите на Путин со европските дипломати и претставници пред се со Макрон и германскиот канцелар Шолц всушност беа само купување на време и дека Путин него занима многу ставот на Европа и затоа сет барања на Москва беа упатени директно до Вашингтон а не и до Брисел.
На самиот почеток беше јасно, дека тие барања за ресетирање на НАТО и повраток на ситуацијата од 1997 година се реално неисполниви и дека војна структура која е воспоставена во Источна Европа на територија на новопримени членки на НАТО во тој период не може да се деинсталираат. Путин во нервоза му се заканува на светот со фактот дека во овој момент располага со 6000 атомски бомби и смета на генериран страв на Запад дека како противник имаат најголемата нуклеарна сила на светот и ја стави во состојба на висока готовност. Тој со закани смета дека неговите политички барања треба да бидат исполнети. Меѓутоа Путин заборава дека и другите имаат нуклеарно оружје и дека и тие сакат да си ја бранат својата слобода, начин на животот и границите но не сакаат да ги прекршат принципите на ОН воспоставени уште по завршетокот на Втората светска војна и колективните договори за безбедност и  мир во светот. Путин со вакво однесување практично ги поништува сите колективни договори за глобалната безбедност чиј е и сам потписник и сака обновување на СССР. Многу е тешко да се предвиди како војната понатаму ќе се одвива. Во почетокот сите веруваа дека рускиот претседател Владимир Путин е рационален и дека во преговорите, пред се со Американците ќе се дојде до некое обострано прифатливо решение. До тоа не дојде.

Украина се држи до своите принципи

Дали Украина сама, или под сугестии можела да ги исполни барем некои барања на Москва. Тоа е сега дискутабилно и за тоа треба да се праша Киев, но со оглед дека Украина и во својот устав запишала дека сака да се приклучи во НАТО, тоа би било рушење на тие принципи. Посебно што, како што пишуваше и ЦИВИЛ Медиа, НАТО не е само воен, него воено политички сојуз значаен не само за колективна безбедност на своите членки, него и за развојот на демократијата, човековите и малцинските права.
Што може да добие Украина, а да изгуби Русија после оваа војна, и како тоа ќе се одрази на Европа, а посебно на регионот на Западен Балкан и може ли да биде допинг за Македонија и Албанија да ги започнат преговорите за членството во Унијата.
Сега е најдобро и за украинската и за руската страна што побргу да се пронајде можност да се одржи средба и дијалог помеѓу Киев и Москва за тоа што би била политичка рамка во која би можела да се  војна и да се прекина и руската агресија врз Украина. Она што во овој момент би го задоволило Путин и после што би застанал од понатамошното разурнување на Украина е јасно. И тоа го повтори и портпаролот на Кремљ, а тоа е војна неутралност на Украина што подразбира дека Украина во некаква поблиска иднина не би одела во НАТО и некаква врста на политичко и економско сојузништво со Русија со слободен пат на Украина да се приклучи кон Европската Унија.
Компромисот би бил можен ако Украина се прогласи воено неутрална, а ЕУ побрза со нејзиниот прием, со што на некој начин би влегла во системот на колективна безбедност на ЕУ.
Членството на Украина во Европската Унија би било од голема полза и за самата Русија да преку Украина се отвори уште подобро на пазарот на Унијата. Тоа би можела да биде некаква поширока рамка за успешниот крај на најавениот почеток на преговорите со кои би се запрела разурнувачката војна и руска агресија на Украина. Сите детали накнадно би се договарале. Светот очекува веднаш да почнат преговорите, за да се спречи Путин да го стави прстот на шкрапалото за нуклеарни глави. Тоа би значело и почеток на крајот на разурнувања на Украина и помалку жртви на двете страни. Тие разговори би било најдобро да се водат директно помеѓу Москва и Киев без посредници и суфлери.

Во Русија се создава критична маса против војната

Со оглед на наметнатите санкции прашање е и колку долго би се одлучил Путин да ја води оваа војна бидејќи не треба да се исклучи можност во самата Русија да се создаде уште поголем отпор и критична маса против војната поради која Путин би морал да се застане во некоја точка. Не треба да се занемарат протестите во Русија кои полека стануваат се помасовни и пожестоки. Бидејќи и во Русија не постои дилема дек војната значи големи трошоци, не само во реална економија него и во човечки потенцијали материјални средства и скапа техника, така да војна, заедно со веќе наметнатите санкции и нанесуваат на Русија голема финансиска штета и секој следниот ден на војна тие штети ќе се зголемуваат.  Треба да очекуваме дека и санкциите кои се заоструваат и анти-военото расположение кое исто така се заострува и ќе се заострува и шири понатаму и во Русија (и покрај притисоци, закани и апсења) може да го натераат Путин да се откаже од долготрајна војна. Тука очекуваме дека директно влијание треба да одиграат и неговите непосредни соработници и советници.
Војна во Украина без дилема покажува дека е повторно обновена студената војна бидејќи се гледа воспоставената поделба на војната моќ на глобално ниво. Русија со напад врз Украина сака(ше) меѓу другото да покаже колку е таа голема воена сила која и на тој начин ќе ги штити своите интереси во светот. Путин е се уште убеден, (како да е светото во 19 век) дека своите политички интереси ако треба ќе ги штити и со војна и воедно на секој можен начин ќе ги расипува и плановите на Запад, вклучително и на САД кои сакат да ги заштитат сопствените интереси, не само во поблиското опкружување него и пошироко во Европа.
Се поприсутни приказни (па и кај нас и во нашето соседство) за создавање на новото руско Царство во одбрана на православието и обновување на СССР – како нова Византија, се бајковити, бидејќи денес тоа е потполно анахроно и неостварливо.
Меѓутоа Путин има јасна цел во однос на западниот свет да се позиционира како голема и моќна сила. По текот на војната во Украина, како што гледаме Украинците не седат со скрстени раце, така што Путин од оваа војна нема да излезе како апсолутен победник.

Во Русија после агресија на Украина Путин нема да го гледаат како голем војсководец и победник, посебно што и тој и неговата политичка гарнитура заедно со државата Русија уште подолг временски период ќе останат изолирани во демократскиот свет. Затоа би било најдобро за самиот Путин и за Русија да застане во оваа војна, а Украина да покаже спремност на преговорите за да се спречи разурнувањето на земјата. Секој нов ден со војна носи големи последици и по Украина и по тамошниот народ и по Русија и пошироко по регионот на Европа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ