• Latest

Да не постоеше НАТО, денеска ќе требаше да се измисли

March 9, 2020
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Да не постоеше НАТО, денеска ќе требаше да се измисли

За малите земји како Македонија, поважен е бројот на пријатели во светот, отколку бројот на тенкови во касарните

March 9, 2020 12:08
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

 

пишува:А. Н. ПИСАРЕВ

До полноправното членство во НАТО Македонија ја делат неколку денови. Тоа го потврди и Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред неколку дена на прес-конференција со Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ  во Загреб.
Што всушност значи НАТО? Дали денешното НАТО треба да представува алијанса, пред се за спроведувањем меѓународни „воени“ потфати, или неговата вистинска вредност треба да се дефинира во способноста да генерира политички консензус и воен капацитет за меѓународни стабилизациони цели?

Да не постоеше, НАТО денеска ќе требаше да се измисли. Особено за нас. Зошто ? За помалите земји (како Македонија на пример) мултилатералниот „чадор“ на Алијансата ја потврдува тезата дека, за опстанок и прогрес на државата, бројот на пријателите во светот е поважен од бројот на тенковите дома.  За мултиклултурна, мултиетничка и мултиконфесионална Македонија членство во НАТО ќе придонесе за дефинитивно затворање на едно суштинско политичко и безбедносно прашање- територијалниот интегритет на земјата, како крај на еден долг процес на дефинирање на македонската држава.
Теоретски, НАТО ги нуди сите предности на институција која е најпогодна за соочување со  глобални безбедносни предизвици, комбинирајки ја при тоа својата политичка со воена доктрина. Затоа што глобализираниот свет бара глобална стабилност. Дури и кога некоја далечна воена или безбедносна криза директно не го загрозува територијалниот интегритет или суверенитет на некоја од членките на Алијансата, таа со својата втора, не воена, туку политичка компонента, ги штити во најширока смисла на зборот  и човековите права -вклучително и правото на носење фереџиња, право на глас, образование за жените, јазикот,  културни и политички вредности, заштита на енергетските извори и коридори од кои зависи  светскиот економски  и трговски „крвоток“, заштита од меѓународни терористички мрежи,  обезбедување хуманитарна помош таму каде што е потребно.. .  Со еден збор, ги штити интересите на членките, без оглед која и каде на земјината топка е загрозена од наброените и икс други причини.
Таква безбедносна и политичка стабилност во рамките на колективитетот кој се вика НАТО Алијанса, на Македонија, како нејзината 30 членка со рамноправно право на глас меѓу другите триесет големи и не така големи земји, покрај траен мир, слобода и демократија и носи и економски бенефит: сигурност за пораст на странски директни инвестиции, учество во ланец на набавки и ланец на снабдување со производи и услуги за потребите на Алијансата, можност компаниите од нашата земја да учествуваат на нивните тендерски постапки и да понудат производи који би можеле да ги задоволат потребите на НАТО.  Се работи за буџет кој што се мери во милијарди евра, кои што стојат на располагање на нашите компании со можност да учествуват, како и сите други комапнии во сите други земји членки на НАТО, и тоа е голема можност која треба да ја искористиме. Ние немаме ракетни системи и производство на оружје кое би било компатибилно со потребите на НАТО,  но имаме еден од најголемите воени полигони во овој дел на Европа, кој со пропратната индустрија, услуги и храна можат да бидат силна логистика за Алијансата.
Котизација која што Македонија ке треба да ја уплати како членка на НАТО од 1,2 милиони евра не е голема сума со оглед  на тоа што најголемиот дел од инвестирањето во НАТО е инвестирање во наша армија.
За да бидат работите појасни, НАТО не е гарант на претходно наброеното само за малите земји. За поголемите земји-членки на НАТО , или оние кои со Алијансата има некоја друга форма на соработка, таа претставува дополнување на нивните национални и регионални безбедносни аранжмани. Примерот со Русија, иако комплексен, е мошне илустративен за разбистрување на некои погледи кон исток или запад. Територијално најголемата држава во светот и една од енергетски и рудно најбогатите, со бројност на население од само 140 милиона жители и со негативна стапка на раст на наслението од околу 700.000 годишно, на своите граници веќе трпи притисок од  десет пати побројната Кина со експлозивна стапка на прираст на населението, со економска експанзија и со недостаток на  енергенси и суровини.  Русија перспективно нема друг избор освен некаков долгорочен аранжман токму со НАТО, преку билатерлани иницијативи и поединечни партнерски односи со државите кои ке му помогнат на НАТО да ги пресретне глобалните закани.


Сите права се задржани

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ