Над 3.000 руски војници загинале до крајот на третиот ден од руската инвазија, тврди Генералштабот на Украина.
Загубите на руска страна се значителни: заробени се повеќе од 200 војници, урнати се 16 воени авиони, 18 хеликоптери, уништени се 102 тенкови и повеќе од 540 различни типови на оклопни возила.
Уништен е еден противвоздушен ракетен систем од типот БУК-1, како и автомобилска опрема за над 20 единици.