• Latest

Воспоставен електронски ситем за ретки болести

August 30, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Воспоставен електронски ситем за ретки болести

August 30, 2018 11:24
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Регистар на лица со ретки болести од денеска е активиран во рамки на електронскиот здравствен систем на Министерството за здравство. Овој електронски модул со податоци ги содржи сите основни информации за пациентите заболени од ретки болести, нивната дијагноза, потребната терапија, соодветната клиниката на која се лекуваат, како и лекарот кој ги лекува.

Секој лекар од јавните здравствени установи, кој лекува пациент со ретка болест има увид само за своите пациенти кои ги лекува, како и увид и целосна евиденција за пропишаната терапија, соопшти Министерството за здравство.

Регистарот, кој досега беше во форма на „листа на лица со ретки болести во хартиена форма“ се трансформира во современ, како регистерски код по кој се препознава секој регистриран пациент со ретка болест, во и надвор од границите на Република Македонија, согласно Законот за евиденции во областа на здравството. На ваков, современ начин, по донесениот предлог за потребата од внес на нов пациент, се поедноставува процедурата за запишување преку електронско пријавување, извршено од стручниот Колегиум  на соодветната универзитетска клиника.

Евиденцијата е веднаш видлива за сите членови на Националната стручна комисија за ретки болести, која треба да постапува согласно деловникот за работа на комисијата, односно, Националната стручна комисија за ретки болести добива директна можност за следење и одобрување на терапијата, можност за зголемување или намалување на терапијата по вид на лек и доза, се во зависност од спроведената евалуација и здравствената состојба на пациентот, како и од покажаните  ефекти од терапијата.

Истовремено, се воспоставува и целосна евиденција на издавањето на лековите за пациентите со ретки болести, преку вклучување на болничките аптеки при универзитетските клиники каде се лекуваат пациентите, како и целосна евиденција на количината на подигнати лекови од пациентите и на расположливите количини лекови, набавени согласно Програмата за лекување на пациенти со ретки болести во болничките аптеки, како и во веледрогериите со кој се склучени договори за набавка. Модулот овозможува контрола на примањето на лекот за ретка болест, по вид на лек, серија на лек и производител и рок на траење, по датум на издавање, препорачана доза на примање.

Модулот има систем за заштита на пристап до податоци, согласно важечките прописи, подлежи на највисоки мерки на софтверска и физичка безбедност согласно Законот за заштита на личните податоци, како и правилниците за технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

На овој начин Министерството за здравство ќе има увид во секој момент, со расположливата количина на лековите со кои јавните здравствени установи располагаат, со што би се намалил ризикот за дефицит на потребниот лек за ретки болести.

Платформата годржи податоци за сите досега регистрирани пациенти заболени од ретки болести. (МИА)

Tags: Министерство за здравстворегистарретки болести
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ