• Latest

Воспоставени дипломатски односи со Тунис и со Ерменија

September 28, 2019
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Воспоставени дипломатски односи со Тунис и со Ерменија

September 28, 2019 10:49
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На маргините на Генералната дебата на 74-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Тунис Кемаис Зинаи потпишаа Протокол за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји. Протокол за воспоставување дипломатски односи, како што соопшти МНР, Димитров потпишал и со неговиот ерменски колега Зохраб Мнацаканјан.

„Дипломатските односи со Република Тунис ќе доведат до воспоставување на политички дијалог и создавање на можности за интензивирање на економската и културната размена, како и на соработката на мултилатерален план“, се наведува во соопштението од МНР.

Воспоставувањето на дипломатските односи со Ерменија ќе придонесe кон продлабочување на севкупната соработка меѓу двете земји. Со формализирањето, се овозможуваат нови перспективи за развој на политичкиот дијалог, интензивирање на културната и економската соработка, како и почеста мултилатерална комуникација, се посочува во соопштението.

Основи за поинтензивна соработка беа воспоставени и со Грузија. Министерот Димитров и неговиот грузиски колега Давид Залкалиани потпишаа Протокол за соработка меѓу двете министерства и разговараа за унапредување на односите преку политички консултации, визна либерализација, бизнис посети и мултилатерална соработка.

На маргините на Генералното собрание на ОН Димитров имаше билатерална средба со неговиот колега од Летонија Едгарс Ринкевич. 

Како што соопшти МНР, Димитров истакнал дека македонските граѓани, кои даваат широка поддршка на европската идеја, имаат големи очекувања од октомврискиот состанок на Европскиот совет. Позитивната одлука ќе биде јасна порака за нив, за регионот и за довербата во политиката на ЕУ кон Балканот.

Министерот Ринкевич изразил безусловна подршка на нашите определби за зачленување во ЕУ и во НАТО. Со оглед на постоечкиот моментум, летонскиот министер посочил дека ЕУ треба да даде позитивен сигнал, што ќе биде добро и за ЕУ, за стабилноста на регионот и за кредибилноста на политиката на проширување.

Соговорниците, како што се наведува во соопштението, разговарале и за динамиките поврзани со нашето пристапување кон Алијансата во светло на лондонскиот самит на НАТО.


Извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ