• Latest
Војо Маневски

Возови и шини

April 26, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Возови и шини

April 26, 2022 10:36
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ 

Секоја недела во времето што му го трошам на паметниот свет, го заморувам со сопственото сфаќање за некој термин или поим. Како да има некакво правило во застапеноста на некој израз во нашиот секојдневен живот. Откако ја преживеавме променадата на бугарскиот државен врв низ Битола, се појави нов израз што го разгледуваме. До душа, тој како некој облик на провинциска политика е обзнанет уште пред три години, но сега повторно се актуализира.

„Да ја ставиме државата на шините со што конечно ќе биде трасиран патот кон Европската Унија. Реформите што се нужни ќе ја одредуваат брзината на тој пат“, е изјава на министер за надворешни работи.

Имаше и други констатации од поранешен премиер и од неколку аналитичари за сѐ и сешто, дека ние немаме сили за реформи, кои ќе ја направат државата функционална според европските критериуми и затоа  ни е потребен „камшикар“ што ќе нѐ стави во ред.

Можат политичарите да конципираат политики и да не ги почитуваат кога не им одговара тоа и да изјавуваат сѐ што во тој момент мислат дека им е корисно, но дојде време кога граѓаните треба да си постават неколку прашања на себе за шините и возовите. Ако нѐ „извозеа“ со возот за социјализмот, па нѐ „иструскаа“ со демократизацијата и приватизацијата, време е да внимаваме и на возот во кој се качуваме и на шините по кои ќе се возиме кон Европа.

Што постигнавме со дефетистичкото прашање што си го поставуваме веќе триесет години – Ќе нѐ биде ли држава? Само ја губевме самодовербата и баравме некакви спасители во лицето на партиските лидери, а сите тие имаат друг список на интереси што не се совпаѓа со оној што го посакува мнозинството граѓани. Слушаме дека се грижеле за нациите и националните права. Резултатот е евидентен, освен врвовите на партиите сите живееме сѐ потешко и што е најважно сѐ помалку имаме верба во иднината на општеството во целост. Редно е да кажеме да не нѐ бранат веќе и ни ги чуваат националните интереси, зошто како што ги чуваа досега тешко дека ќе ги сочуваме. Такво прашање веќе не смееме да си поставуваме.

Кому му е потребна државата? Одговорот изгледа едноставен и најчесто е на сите граѓани. Само прашање е каква држава ни е потребна. Каква држава им е потребна на оние што сметаат дека бизнис е само онаа активност што значи одземање од државата на „законски“ начин  и брзо распоредување на тие средства низ светските криминални канали. Доскора мислев дека за нив нашата држава е само привремена дестинација, но сега сфаќам дека тие само овде на Балканот можат да се бизнисмени. Секаде во уредениот свет се под удар на законот. Затоа ним им е потребна ваква Македонија, недоуредена, несигурна и како импровизирана градба што им овозможува да ја третираат како своја бабовина. Кога во декември се појави информацијата од САД, дека е почнат процесот на расчистување со таквите структури, ни самиот не верував дека тоа ќе почне да се одвива. Денес оптимизмот ми е зајакнат со констатацијата дека нашите транзициски политичари и бизнисмени почнаа да им сметаат на оние што ја имаат моќта да ги стават таму каде припаѓаат и каде небото се гледа низ дебели решетки. Овој процес ќе има и домашна помош од институциите, кои и онака се навикнати на наредби од „горе“ и затоа до сега не си ја работеа добро својата работа. Да не се изненадите почитувани читатели ако во текот на ова лето и есен бидат „замрзнати“ и некои други ликови што сега ни изгледаат недопирливи. Како тема за размислување ова лето, ќе ви поставам едно интригантно прашање – Ќе замижи ли Европа над сѐ почестите махинации со производството на марихуана за медицински цели? Ако прашањето ви ја подига температурата додека размислувате на плажите, ставете повеќе масло за сончање  и тоа од онаа црногорското што деновиве е актуелно на правосудниот пазар. Државата ни е потребна нам обичните граѓани, почитувани читатели. Затоа што уредена и функционална е единствена заштита на нашите права. Исто како и кај меѓународното право. На големите им се може да го кршат тоа право, но малите држави и народи мора да инсистираат на него, зошто само тоа им дава некаква надеж дека нема да бидат жртва на големите држави и нивните големи интереси.

Нам ни е потребна ефикасна администрација меѓу другото и за да не ни се разочаруваат младите кога се судруваат со партиските номенклатури, облечени во државни „тоги“. Некои од тие државни облеки ги носат и нивните врсници, кои многу често биле околу просекот на знаење кога седеле во ученичките и студентските клупи. Тие наши млади сограѓани своето губење на надежта го доживуваат како освета на лошите ученици од нивните класови. Ништо нема да направиме со нашето врежано мислење дека е важно „мој Стојанче да си дојде“. Ќе си дојде, ама каде ќе си дојде е вистинското прашање. А за прашањето, кој нема да си „дојде“ и да не зборуваме ќе нѐ однесе да чуваме внуци по белиот свет.

Кому му се потребни реформите во државата? Токму нејзе и се потребни тие реформи за да опстане како систем и ние како поединци во тој систем. На следните избори ќе поставуваме прашања за моделите на реформите во здравствениот систем и системот за образование. Фискалниот систем ќе го надгледува ММФ, како што сега ми изгледа со барањето за нов аранжман со него. Светскиот финансиски полицаец нека си ја врши работата, а ние да си ја вршиме нашата задача. Постојано да поставуваме прашања за тоа каде се трошат нашите пари. Не три генерални секретари да ставиме под истрага, туку сите државни магистранти што заборавиле дека државните пари не се нивни да си поминат некое време на бесплатна храна во КПД. Ми паѓа на ум констатацијата на еден мој уважен колега кој вели дека, ако успешно ги направиме реформите и достигнеме прифатливи стандарди што ги бара Европа од нас, тогаш таа не треба да нѐ „прима“, туку ќе бара да бидеме нејзина членка. Сепак патот до таму е долг и ќе бара пред сѐ самите да се менуваме и потпираме на помошта од странство. Да се потпираме, а не да влеземе во јаремот, а некој да нѐ камшикува и нѐ управува каде да одиме.

А за шините и возот беше зборот, нели!?

За почеток треба да направиме пристојна станица за европскиот воз, кој (чудо едно) поаѓа и стигнува според возниот ред. Треба малку да подзачистиме и ги забришеме заматените стакла на семафорите на кои се часот на поаѓање и пристигнување на возовите. Стаклата на прозорците да ги исчистиме за да ни се прошират видиците, а и да нѐ видат намерниците што ќе доаѓаат кај нас, а не да се криеме зад сопствената немарност и прашина. Пероните да ги подзаметеме и да ставиме нови кошнички за отпад и уредни клупи за седење. Пред вратите на возот да не се буткаме како за на сточен пазар во Облешево, туку да стоиме и го запазуваме редот. Карти да си купиме на шалтер, а не во возот од кондуктерот и да пријавуваме пократка релација за патување, па после се криеме низ вагоните и санитарните чворови. Во возот нема повеќе да влегуваме со заврзани бовчи  и со картонски кутии замотани со селотејп и врвца, туку со куфери со пропишана големина и тежина. Во возот се седнува на местото кое е со број од картата купена на шалтерот, а не да седнуваме на првото слободно место и после влегуваме во жолчна расправија ако некој бара да си седне на неговото место. За децата нема половина карта и седење во скут, туку цело седиште зошто попустот е заради нивната комоција како деца. Нема размотување на сендвичи и јадење во купе со широкограда понуда до сопатникот што прв пат сте го виделе. Печени кокошки раскршени на хартиена чинија, кога се патува на подолги дестинации, нема да има како и пиење домашна од исто шише од неколкумина присутни патници. За пушењето во купе и ходник не станува ниту збор. Тоа се само слики од филмот „Табакерата“ и не се од денешнината. Довикувањето со другите патници со кои се изнаоѓаш во возот е недолично однесување како и замената на купеата за да се помуабетиш со некој, кому токму на ова патување мораш да му ги изложиш сите тези за мемоарите што ги подготвуваш. Е тој воз почитувани сограѓани замина во историјата. Во новиот воз ќе мора да правиме сѐ што е пропишано од европските правила, а ние сакаме таму да стигнеме. Изгледа не треба да правиме скоро ништо од она на што сме навикнати, а неправењето ништо е наша национална дисциплина. Останува да правиме она што се бара од нас.

За крај да сумираме. Тој воз и на тие шини не оди преку Бугарија, туку тргнува од нашата станица и оди во правец и со брзина што ние ќе му ја одредиме самите. Ако одредивме да оди за Европа треба да знаеме дека на истата таа станица не поаѓаат само возовите за Европа, туку и пристигнуваат од таа дестинација. Е тој воз да го фатиме и да ја правиме нашава држава европска дестинација, за да ни донесува патници и стока од таа Европа.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ