• Latest

Вработени во „Леар“ затруени со храна

March 31, 2017
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Вработени во „Леар“ затруени со храна

March 31, 2017 13:36
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Работниците во третата смена во тетовската фабрика „Леар“, ноќеска биле затруени со храната која што им била сервирана во фабричката менза. Според полицијата, случајот е пријавен од медицинскиот персонал којшто интервенирал во тетовската клиничка болница.

„Во утринските часови на нашата клиника поголем број на граѓани побараа здравствена помош. Сите пациенти имале слични симптоми, сите кои побарале, на сите им е пружена здравствена грижа со нашите капацитети, со нашите човечки ресурси. Никој не е препратен на друга клиника и сите се во добра здравствена состојба. На терен излезени се екипи на Центарот за јавно здравје, Агенцијата за храна и санитарна инспекација“, изјави Флорим Бесими, директор на тетовската болница.

Работниците до болницата биле транспортирани со возила на Итна помош.

„Нашите екипи интервенирале веднаш со две возила, повикани се и други резервни екипи. Пациентите имале симптоми на повраќање, болки, малаксаност… Кај голем број пациенти интервенирано е на лице место“, изјави Гзим Нурадини од Итна помош.

Нема официјална бројка колку точно работници биле примени во болница, а според неофицијални информации, сите се пуштени на домашно лекување.

Економскиот експерт, Бранимир Јовановиќ вработен во Институтот за општествени и хуманистички науки на својот Фејбсук-профил посочи на сличен случај во 2015 година, кога работници во компанијата Кромберг&Шуберт од Битола се затруле од храна.

„Компанијата тоа го демантираше, тврдеше дека труењето не е од нивната менза. Државните институции ништо не презедоа. Дали нешто ќе биде поинаку овој пат?“, прашува Јовановиќ.

И компанијата „Леар“ во Тетово и „Кромберг&Шуберт“ се странски компании кои што отворија свои погони во Македонија, првата во ТИРЗ Тетово, а втората во ТИРЗ Битола.

Tags: „Леар“болницадомашно лекувањеТетовотруење
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ