• Latest
Војо Маневски

Време ли е наместо на куклите да им се обратиме на кукларите?

February 12, 2024

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025

Обвинение против Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино, за ширење омраза, расизам и дискриминација врз ромската заедница

November 17, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Време ли е наместо на куклите да им се обратиме на кукларите?

February 12, 2024 09:36
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ 

Има ли состојби што не сакаме да си ги признаеме, ги согледуваме, ама не си ги признаваме? Како глумци на кои им е зададен текст и гледаат да го изговорат, двоумејќи се колку да глумат, а колку да ги вклучат сопствените емоции.

Знам дека никој не сака да чита песимистички текстови. Знам дека емоциите денес се луксуз што не можеме да си ги дозволиме. Сѐ знам, ама некогаш тежината на она што го согледуваш ти тежи во душата и како грутка во грлото не ти дава да испуштиш пријатни звуци, туку крчиш како расипана плоча изгребана од долго свирење.

А токму сакав да пишувам за социјалните и кризните мерки во минатите години. Тие мерки се финансиски и материјални, а мене ми изгледа дека на мојов народ му требаат мерки за надеж дека е можно и подобро утре. Еден угледен професор по економија, а со безнадежен талент за политичар, вчера изјави дека целата атмосфера ќе се сменела ако се промени власта и ако нему му се даде да ги води економските политики.

Е професоре, професоре, кога едно тело почне да паѓа за да се сопре потребна е сила поголема од резултатот од неговата тежина и брзината на паѓање. Таква сила веќе немаат политичките понуди и во кампања и после неа. Не ги знам формулите и моделите за мерките, ама знам да ги читам лицата на моите сограѓани и со зголемена диоптрија на очилата да видам кој поминува покрај мене. Не си ти адресата на која треба да им се упатат пораките, таа е затскриена и завиена во економско-финансиска моќ која без пардон и правда се насобра во новата каста која ведри и облачи во заедницава. Нив треба да ги прашаме за низа состојби.

Викендов времето во мојот Штип личеше повеќе на првите денови на пролетта отколку на деновите пред свети Трифун. Ова некогаш ќе беше идеална атмосфера за шетање и оговарање на сѐ и сешто. Денес некако сѐ се скусило, па и време се нема, иако само со него можеме да располагаме. Она што веднаш се воочува е дека штипјани остареле.

Ако наиде некој патник намерник ќе констатира дека овде живеат само граѓани кои се родиле во минатиот век. Ај, си реков, денес е такво време, па младите подолго за викенд поспиваат. Но, ни пладневните часови не ја изменија сликата. Во маркетите слично – на касите редица од пензионери, кандидати за пензија и нервозни касиерки кои прескокнале неколку години од образованието. Посебно кога се учело доброто однесување и обраќање кон постарите со персирање.

Грдо звучи кога на постар свој сограѓанин му се обратиш со намуртено лице и реченица како да го праќаш во геронтолошки центар – ТИ ШТО САКАШ? Нервозната атмосфера, дополнително наелектризирана со тенкиот џеб е како експрес лонец пред пукање. Незадоволството од сѐ околу себе толку се чувствува што чиниш го згуснува воздухот. Во вакво опкружување партиите со анти-естаблишмент пораки стануваат примамливи. Никој не мисли за цената што може да се плати, бидејќи омразата го замаглува расудувањето.

Шетам низ мојов град и наидувам на пензиониран инженер кој долги години беше вработен во Електростопанството. Му дојдов некако како торба во која ги истресе сите свои размислувања за новите трендови во тој сектор. Слушај новинар, да напишеш нешто за трендовите во производство на струја. Од тоа ќе зависи и економијата и иднината. Ова околу изборите е само завеса зад која се случуваат крупни промени, многу пари се во игра и нема ништо да биде случајно.

Овој процес е како растурање на едно семејство и правење на ново, а влада ќе прави онаа партија која ќе ги препознае главните играчи. Целата владина политика за субвенции во цената на струјата е дел од новата политика. Сите што ќе се повикуваат на зачувување на некакви државни интереси во изградбата на нови капацитети се всушност за зачувување на сегашната улога на главните играчи на тој пазар. Европа од лани ги информира своите стопанственици дека времето на евтина енергија помина, па сега ќе се користат сите моќности за производство на струја и ниту една државна граница нема да е пречка.

Засега владата успеа да го задржи во кондиција системот и тоа е многу важно затоа што е потребен систем на кој може да се надоградува и ако има нешто што направила добро тоа е тоа. Сега кога ќе треба да влезат големи енергетски компании отпорот кон инвестициите ќе се зголемува. Ќе се користат сите популистички мерки за да се сопре тој тренд. Надежта е дека ќе се разговара со инвеститорите од позиција на нова влада – не заради интересите на граѓаните, туку за да се биде дел од договарањата во процесот што ќе трае следнава деценија.

Загрозени се нивните интереси на шпекуланти во бизнисот со струја. Ете, сега читаш дека се загрозувало земјоделското земјиште во Овче Поле, а соларната централа ќе се гради на земјиште кое е одамна национализирано за изградба на карго аеродромот. Ако беше изграден тој аеродром што ќе се сееше на таа површина? Авионите не слетуваат врз ниви со жито, нели?

Не му одговарам зошто целата негова теорија ми изгледа логична, иако признавам дека малку знам за тоа. Но низ глава ми прелета веднаш една мисла – па ние сме во ваква состојба затоа што, завалиички, си немаме одговорни луѓе на одговорни места! Постојано на позиции се поставуваат „кадри“ чиј опсег на размислување е максимум до следните избори, а за тоа време преземаат чекори само ако им е во личен интерес или во интерес на тој што непосредно ги поставил. Кој будала ќе прави стратегии, планови за после 10 или повеќе години? Си велат – кој ќар имам јас, ма што има сега да се заморувам со тоа… за да „му ги нарусам очите“ на некој друг. Простете за „штипизмите“, но пишувам како што ми се мота во главата…

Се сетив, а го знам ова, бидејќи во тоа време бев советник во општината. Пред некои 15 години во Штип, на Серта, локација на тромеѓата на општините Штип, Радовиш и Конче, требаше да се гради парк на ветерници, се зборуваше за моќност од над 100MW. Се правеа анализи, се снимаше „розата на ветрови“ и се покажа дека постојат услови за поставување на ветерниците. Носителот на проектот, беше некоја шпанска фирма, донесе и инвеститор – ни помалку ни повеќе Самсунг Тешки Индустрии (Samsung Heavy Industries). Самсунг, ееееј!

И не бараа ништо, сами ќе ги градеа „вентилаторите“, ама по пат ќе ги изградеа и пристапните патишта по с’ртовите на Серта, ќе го заживееја регионот, по некое село можеби немаше да остане без жители и замислете, никој не бараше никакви субвенции. Единствено требаше да се откупува струјата по гарантирана цена која државата ја одредуваше. Ги пречекавме во Штип и како ненадлежни за таков тип на објекти ги препративме кај надлежните во Владата. Што потоа се случи не знам, јавноста не дозна, но Ветерници на Серта – нема. А го нема ни Самсунг во Македонија, освен се разбира преку електрониката која се прави кој знае каде во светот.

Онака, лаички си помислувам, што ли требаше да се направи за да се реализираше тој проект? Некако ми се чини дека ако тогаш им се понудило само мало делче од тоа што сега им се нуди на „стратешките инвеститори“, одамна ќе вртеа вентилаторите кај Серта. Што уште дополнително ќе донесеше корејскиот гигант, може да си погодуваме. (А зошто ни на крај памет не ми текна да напишам – „ЈУЖНО корејскиот“?).

За 30 години преку државната ЕСМ се изградени капацитети за нешто помалку од 150 мегавати. Сѐ другото се приватни инвестиции на домашни и странски компании, а се со капацитет од 900 мегавати. Зошто на секоја шанса да се градат нови капацитети се дига и кука и мотика против тој проект. Посебно ако инвеститорот не е поврзан со „семејството“ на трговци со енергија?

Сѐ мора да остане во рамките на семејството, велат познавачите. Има ли поврзаност со противењето за почеток на преговорите со Европа и реформите на пазарот на енергенси? По сѐ изгледа сѐ е поврзано, а само ние почитувани граѓани сме без врска. Такви без врска ќе треба да ги гласаме кандидатите што оние со семејни врски ќе ни ги предложат. А сте си ги погледнале ли последните сметки за јануари? Како тоа за дупло се поголеми од сметките за декември? Па нели не е поскапена струјата? Сто прашања на кои само ние можеме да бараме одговори, ако сакаме да сме граѓани, а ако не сакаме – ќе чкртаме со забите и толку. Јас ќе славам Трифун, а вие како сакате, Валентин не ви бега!


Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ