„Нашата посветеност на Зелената агенда е поголема од кога и да било досега, а со тоа и потребите за инвестиции се значителни на сите нивоа и во сите сектори.
Зелената и дигиталната трансформација на коишто ќе се заснова идниот развој на Република Северна Македонија ќе бараат огромни инвестиции, a токму eдна од целите на Планот е преку креирање и користење нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање да се создаде мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од над 4 милијарди евра за периодот 2021-2026 година, финансирани од Буџетот, ИПА фондовите и меѓународните финансиски институции, да се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор“.
Зелените обврзници се нов финансиски инструмент за поттикнување и поддршка на проекти што ја поддржуваат Зелената агенда и зелената транзиција, а се насочени кон проекти за унапредување на животната средина, поточно подобрување на енергетската ефикасност, намалување на загадувањето, систем за интегрирано управувањето со отпадот, поддршка на одржливо земјоделство, риболов и шумарство, заштита на водните и копнените екосистеми, обезбедување чист транспорт и одржливо управување со водите, негување технологии што се еколошки, итн.
Со Планот е предвидено меѓу другите да се формира и Фонд за енергетска ефикасност, во рамки на Банката за развој на Северна Македонија, а средствата меѓу другото ќе бидат наменети за идни енергетски ефикасни инвестиции, како и финансирање на инвестициите во енергетска ефикасност и обновлива енергија во јавните згради. Ова е само дел од Планот што предвидува нови форми и начини на инвестирање, со кој што се проценува да бидат инвестирани 12 милијарди евра во проекти дизајнирани и имплементирани од јавниот и приватниот сектор.
Македонија без сомнеж, е целосно посветена на намалување на загадувањето, намалување на емитувањето на стакленичките гасови, зазеленувањето на економијата, особено преку намалување на нашата зависност од фосилни горива и фокусот на поефикасно користење на чиста енергијата и во индустрискиот и во станбениот сектор.“
Извадок од анализата „Време на целосна деконтаминација“ од Александар Николиќ Писарев.