Ниту лично претседателот на ДУИ не успеал да ги смири локалните интегративци во Тетово. Според информации на Алсат, Ибрахим Дехари, на кого деновиве му е понудена функцијата министер за инвестиции, одбил да ја прифати функцијата.
Според неофицијални извори на телевизијата, Дехари ја одбил функцијата со образложение дека станува збор за министерство наменето само за задоволување на политички апетити и дека не придонесува ништо добро за општеството.
Според Алсат, против овој предлог бил и огранокот на ДУИ во Тетово, бидејќи се чувствувале игнорирани. Тие се револтирани од фактот што од тетовскиот огранок немаат ниту еден министер во актуелната влада.
А. Зеќири