• Latest

Вртелешката продолжува – Мицкоски до Груевски: Немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт

September 20, 2023

24 ЧАСА: Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари; Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, реагира Силјановска Давкова; Нетанјаху сака „целосно освојување“ на Газа

August 5, 2025

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вртелешката продолжува – Мицкоски до Груевски: Немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт

September 20, 2023 13:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска преку Фејсбук објава му се обрати на поранешниот претседател на партијата и екс премиер Никола Груевски, порачувајќи му дека нема намера со јавни преписки да биде дел од сценарио за создавање раздор во корист на оваа власт.

-Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам. Нема потреба од дијалог преку медиуми, но бидејќи ми се обрати со статус само еднаш ќе ти одговорам на ист начин: Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи во очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш, објави Мицкоски.

Тој додаде дека нема да дозволи да се заборави што прави, како што вели, оваа криминална власт за да остане подолго.

-Нема да дозволам да се заборави што прави оваа криминална власт за да остане се подолго креирајќи атмосфера каде се губи надежта на граѓаните за правда и за правдина. Ако ти сакаш раздор тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да се спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која се повеќе тоне во криминал, каде се оди против волјата на граѓаните. А нас политичарите народот не бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки. За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес. Ова не е 2018-та, ова е друго време. Како велеше „вистината е како шило, порано или подоцна ќе излезе”, а вистината ја знаеме и јас и ти…, но изгледа ја знаат и други кои ја кажуваат изминативе денови јавно, помалку или повеќе гласно и јасно, објави Мицкоски.

Груевски вчера го повика Мицкоски јавно да одоговори во врска со неговите тврдења за германски ФАЦ.

-Во врска со изјавата на Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со мене, го повикувам јавно да одговори на следните две прашања:
1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум,
2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата. Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка“, објави вчера Груевски на неговиот Фејсбук профил.

Мицкоски, пак, за а германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг” изјави дека Груевски се наоѓа во тајна комуникација со Владата. Тој, како што пренесува Дојче Веле, наведува дека „за да издејствува уставни измени,  Владата подготвува валкани дилови“.

Според Мицкоски, Владата верува дека може да ја подели опозициската партија, но, како што истакнува, тоа нема да успее.

-Направивме сѐ за нашата европска перспектива. Но, нам ни се поставуваат постојано нови барања, вели Мицкоски и посочува дека доколку не биде прифатен неговиот предлог за одложена примена на уставните измени, тогаш ќе нема никакви промени на Уставот.

To Be Continued…

Д.В.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ