• Latest

Второто полугодие почна со хибридна настава, дел од матурантите со бојкот

January 22, 2021
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Второто полугодие почна со хибридна настава, дел од матурантите со бојкот

January 22, 2021 09:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Наставата во второто полугодие продолжи по истиот, хибриден модел, како и во првиот дел од учебната 2020/2021 година затоа што, според Министерството за образование и наука, се покажал успешен и обезбедува континуитет во образовниот процес во услови на пандемија.

Учениците до трето одделение и повозрасни од помалите училишта, главно подрачни и во рурални средини, вчера се вратија во училишните клупи по тринеделниот зимски распуст, а за поголемиот дел основци и средношколци наставата продолжи на далечина.

Но, на онлајн-наставата не се вклучија дел од матурантите кои, организирани од Сојузот на средношколците, почнаа бојкот, барајќи државна матура со испити по два наместо по четири предмети (три екстерни и еден интерен).

Претседателот на Сојузот, Бленди Ходаи изјави дека бојкот има во средни училишта во 20 градови, вклучително и во Скопје, затоа што завчерашната онлајн-средба со министерката Мила Царовска поминала без договор да се прифати нивното барање за кратење на бројот на предмети и да полагаат два – мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и втор предмет што ќе биде од областа која матурантот планира да ја студира.

Ходаи рече дека ќе бојкотираат една недела, а за следните чекори и дали ќе имаат протест, ќе одлучат.дополнително. Притоа тој нагласи дека не се за укинување на државната матура, како што бара другата група – Средношколски глас, кои, пак, собираат онлајн-потписи за укинување на матурата.

Министерката за образование и наука во врска со бојкот на наставата на средношколците рече дека станува збор за мали групи средношколци коишто го искажуваат свој револт.

„Тоа е нивно право да го изразат незадоволството, но е важно да се знае дека мнозинството учениците ја следат наставата. Една скопска гимназија има поорганизирано дејствување, додека во останатите гимназии и средни училишта, станува збор за изолирани мали групи“, изјави Царовска.

Министерката изјави дека матурата ќе се спроведе за што веќе се прават подготовките, а учениците најуредно ги имаат пријавено матурските испити.

„Повеќе од 14.000 матуранти ја пријавиле матурата, што всушност е бројката на матуранти отприлика коишто ги имаме годинава во земјата. Концептот за полагање на матурата е утврден уште на почетокот на учебната година и тој се спроведува во моментот.

За да се осовремени завршниот испит, и за оваа година, додаде министерката, се направени некои промени – во проектната задача и во проширување на листата на изборни предмети за третиот екстерен испит со Географија и Информатика.

Државниот испитен центар во ноември ги објави и термините за испитите од трите екстерни испити кои ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни 2021.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ