• Latest

Вучиќ потврди дека ќе присуствува на Самитот во Тирана

December 5, 2022
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ потврди дека ќе присуствува на Самитот во Тирана

December 5, 2022 17:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ потврди дека ќе оди во Тирана на Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан. Во денешната изјава, Вучиќ рече дека не е сигурен дека ќе има некаква корист од неговото заминување во Тирана, но дека ќе има голема штета ако не оди, пренесува РСЕ.

„Можеби би покажал дека мојата суета е посилна и поголема, но секако дека би била голема штета за земјата, во поглед на привлекување инвестиции и се останато. На овој начин, без разлика што темата е Западен Балкан и што 20 од нив на неадекватен начин ќе почнат да зборуваат за санкции кон Русија и за проблемот со Косово, можеби моите колеги се во право кога велат дека е подобро да се слушне барем еден одговор отколку да не се слушне ништо“, рече Вучиќ.

Вучиќ пред неколку дена изјави дека никој од Србија нема да присуствува на состанокот поради одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да го назначи Ненад Рашиќ за министер за заедници и враќање во Косово и поради реакцијата на ЕУ на таа одлука, која Белград ја оцени како блага.

Еден ден по неговиот неконтролиран настап на ТВ Пинк каде што искажа силни навреди за косовскиот премиер и новоназначените српски функционери во косовска влада, Александар Вучиќ изјави дека е подготвен, заедно со колегите од Владата, да ја разгледаат можноста за промена на одлуката да не се патува во Тирана,

Влезот на Рашиќ во косовската влада беше потврден помалку од еден месец откако српските претставници започнаа бојкот на институциите незадоволни од намерата на Приштина да започне процес на предрегистрација на возила со српски регистарски таблички.

Белград и Приштина со посредство на Европската унија (ЕУ) во меѓувреме постигнаа договор за надминување на кризата со регистарски таблички, но не и за откажување од бојкотот. Српските власти ја осудија одлуката на Рашиќ да биде дел од Владата на Косово.

Предходно, албанскиот премиер Еди Рама упати порака до српскиот претседател:

„Учеството на Самитот е единствениот пат што го има Вучиќ, бидејќи во спротивно тоа би било катастрофално за него и за Србија“.

Самитот во Тирана ќе се одржи утре, на 6 декември.

На самиот ќе присуствува и македонска делегација. Во Тирана на средби со државниците од регионот, но и со претседателот на Советот Шарл Мишел и еврокомесарката Фон Дер Лајен, како и премиери на државите членки на ЕУ одат премиерот Ковачевски, вицепремиерот Маричиќи шефот на дипломатијата Османи.

М. Д.

 

 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ