Видео хостингот на YouTube во сопственост на Гугл блокираше голем број канали поврзани со руските пропагандни медиуми РТ и Спутник низ Европа поради тековната руска инвазија на Украина, пренесува украински Укринформ.
„Поради тековната војна во Украина, ги блокираме каналите на YouTube поврзани со RT и Sputnik ширум Европа, што ќе стапи на сила веднаш. Ќе биде потребно време за нашите системи целосно да се зајакнат“, се вели во соопштението.
Google додаде дека нивните тимови продолжуваат да ја следат ситуацијата „деноноќно за да преземат брза акција“.
Претходно, премиерите на Летонија, Литванија, Полска и Естонија упатија јавен апел до Твитер, Гугл, Јутјуб и Фејсбук да ги блокираат руските пропагандни канали.
И Владата на Северна Македонија. по одлуката на повеќе земјите членки на ЕУ да ги забранат „Раша тудеј“ и „Спутник“ на територијата на ЕУ, им препорача на кабелските оператори водржавата да ги исклучат од програма каналите каде како основач се јавува Руската Федерација или приватни лица, правни или физички лица со потекло од оваа држава. Операторите имаат рок од три дена да ја известат агенцијата за преземените активности.
Д.Мишев