Владата на Република Северна Македонија. и препорача на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да им укаже на кабелските оператори во Северна Македонија да ги исклучат каналите каде како основач се јавува Руската Федерација или приватни лица, правни или физички лица со потекло од оваа држава.
Препораката доаѓа по одлуката на повеќе земјите членки на ЕУ да ги забранат „Раша тудеј“ и „Спутник“ на територијата на ЕУ.
Операторите имаат рок од три дена да ја известат агенцијата за преземените активности.