• Latest
Ерол Ризаов

За едно време кога имавме и иднина

August 25, 2024
Џабир Дерала, насловна фотографија на интервју за УКРИНФОРМ (фото: Б. Јордановска за УКРИНФОРМ)

Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина не треба да биде високо на агендите, туку дека е самата агенда!

June 28, 2025
Фото: Скриншот

Трамп очекува прекин на огнот наредната недела во Појасот Газа

June 28, 2025

Николоски  се сретна со бугарскиот колега Караџов, договорена нова средба за придвижување на работите на железничкиот Коридор 8

June 28, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Напад на руски дрон во Одеса, две лица загинаа, повредени најмалку 14

June 28, 2025

Во Техеран масовна церемонија за погребот на 60 убиени од нападите на Израел

June 28, 2025
Фото: МИА

Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан

June 28, 2025
Фото: МИА архива

Американскиот Сенат го отфрли обидот за ограничување на овластувањата на Трамп за војна со Иран

June 28, 2025

И покрај забраната, се очекуваат десетици илјади учесници на Парадата на гордоста во Будимпешта

June 28, 2025
фото: ФДУ/Белград

Студентите во блокада денеска на протести со два ултиматума до српската влада, оние што „сакаат да учат“ со литературна вечер по повод Видовден

June 28, 2025
Фото/ Wikimedia commons

Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост

June 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

За едно време кога имавме и иднина

По големите историски тектонски промени секогаш кога ми се јавуваат надежи за подобра иднина наместо радост превладуваат сомнежи. Ми доаѓаат на ум шесте збора на Блаже Конески...

August 25, 2024 13:45
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Последните години од животот Блаже Конески често навраќаше во Клубот на пратениците на партија преферанс, или на средба со своите пријатели. Во длабоко сеќавање ми остана една случка на која бев сведок и која соочувајќи се секојдневно и со нашата реалност, секогаш кога станува збор за иднината на Македонија, ми предизвикува јанsи од едно претчувство на македонскиот великан кое не можам да го наречам ни пророштво, ни претскажување, туку повеќе како длабоко сознание од наталожениот екстракт на народна мудрост и знаење од многу области што ги имаше Конески. Како врват годините тоа се потврдува како загрижувачки точно.

Еден ден, како што беше вообичаено, се отвори обичен муабет, разни кажувачки за многу нешта, овојпат, за квалитетот на месото, зеленчукот, овошјето, воопшто на храната „некогаш и сега“. „Експертската“ дебата почна од пиперките со општа констатација на присутните дека сега пиперките се како трева без вкус и мирис. А, едно време колку убави и вкусни беа нашите благо лути пиперки, особено оние к‘врџ‘к. А, тек доматите, охридски и скопски јабучари, „воловски срца“, краставиците, лукот, кромидот…

Се јавија повеќе „вештаци,“ саде големи гурмани, со своите искуствени аргументи. Абе, едно време какво беше месото, цело маало мирисаше на мисковина, прсти да излижеш, па за јагнињата и прасињата, па за тазе јајцата штотуку снесени, за гравот, оризот, за млекото, кисело и благо, сирењето и урдата, кашкавалот, црешите… Дињите и лубениците, јаболките, жолтите како злато дуњи, па се до мушмулите. Сите почнуваа со истите зборови: „едно време“…

Блаже молчеше, но беше видливо дека внимателно ја следи „дебатата“ до завршната поента за лебот штотуку испечен на дрва во фурна. Каков леб како душа беше едно време. По одата за лебот наш насушен од едно време уследи кусиот коментар на Блаже од само една реченица од неколку збора: „Ееее… едно време… имавме и иднина.“

Шестте збора на Конески

Настапи молк. Имаше тука меѓу присутните повеќе јавни личности и високи македонски политички функционери. Никој повеќе не изусти ни збор. Шесте збора на Конески и особно двете паузи по „еее… едно време… имавме и иднина“ ги онемеа сите. Беше сосема јасно која порака ја испрати, по многу оценки најзначајната македонска личност на 20 век, во годините кога ја претчувствуваше трагедијата за изгубената иднина која веќе од поодамна беше присутна и во неговото творештво. Тоа беа годините пред распадот на Југославија, во што тогаш се уште никој не веруваше.

По неколку дена ја зграпчив приликата кога бевме сами, многу внимателно, одоколу, повеќе демек на шега да го потсетам на разговорот колку биле убави работите „едно време кога имавме и иднина“ иако добро знаев дека Конески со многу лутина и огорченост одбиваше било какви негови изјаснувања пред новинари за работи кои можат да добијат дневно политички призвук. На неколку пати имав прилика тоа да го видам и слушнам. Беше многу непријатно кога некои наши амбициозни колеги онака од нога бараа изјави.

Ме погледна како мува што се дави во маштеница и кажа: „млад си, се надевам ќе доживееш да видиш“. И веднаш го смени разговорот дека повторно во „Нова Македонија“ сме ја објавиле истата крстозборка од завчера проследено со неговото карактеристично смеење.

И навистина видов и доживав многу. По големите историски тектонски промени секогаш кога ми се јавуваат надежите за подобра иднина, наместо радост, превладуваат сомнежи. Ми доаѓаат на ум шесте збора на Конески кои се посилно потврдуваат дека тие не се однесувале само на Југославија, туку многу повеќе на Македонија.

Независноста на новата држава во која, безмалку сите гледавме подобра иднина, лесно се доби речиси без испукан куршум и без ниту една жртва на територијата на Македонија. Но, очигледно по сиве овие изминати години многу е потешко да се изгради современа успешна демократска држава отколку што е „извојувана“ независноста.

Од братство и единство до братство и убиство

Оваа „борба“, ако воопшто може така да се нарече, за успешна и одржлива држава интегрирана во Европа, бара многу поголема мудрост, храброст, политичко жртвување, вистински лидери државници наместо битки за власт. Популистичкото лажно единство кое од многу повторување со време станува обезвреднета парола, како некогашната за „братство и единство“ во Југославија која национализмот експресно ја претвори во крвав распад на братство и убиство со етничка хомогенизација која прерасна на меѓусебна омраза.

Во Македонија се погласно се слушаат паролите за некакво недефинирано единство. Целосно спротивно на она што значи вистинско единство за постигнување на целта, за која сите релевантни фактори во Македонија се изјаснуваат дека е најголем државен и национален интерес. Политичките лидери редовно праќаат пораки до јавноста дека тоа е членството во ЕУ. Се изјаснуваат само на зборови, а кога се создава таква можност следуваат сомнежи и блокади, обвинувања за предавства и предавници, за изгубеното име на државата со срамната додавката „северна,“ за идентитетот, јазикот и историјата.

И пак повторно следуваат сведоштвата дека едно време можевме да имаме посветла иднина без додавка на името на државата за домашна употреба, без промена на уставот, без проблематизирање за потеклото на јазикот и на историјата, без опасности од дестабилизација и распаѓање на државата, без расправи за јазикот и за историјата.

Едно време навистина можевме да станеме и членка на НАТО и на ЕУ, со многу поповолни отстапки. Така во меѓусебни обвинувања и натаму ни летаат годините како сиви галаби, си заминуваат генерации на оној свет, а тие што ги разбираат работите им преостанува да ги раскажуваат приказните за едно време кога имавме иднина.

Студијата на Глигоров како школска лектира

Која ни е денес иднината за која повторно ќе прераскажуваме по извесно потрошено скапоцено време како за пиперките, доматите и лебот испечен во фурна… На тоа деновиве не потсети македонско-германската писателка Кица Колбе во својата извонредна колумна во „Дојче Веле“ на македонски јазик преобјавена во повеќе македонски медиуми нудејќи им ја како школска летна лектира барем по еднаш да ја прочитаат нашите (не) одговорни политичари и деловни и интелектуални „елити“, самопрогласени аналитичари и експерти, книгата на Владимир Глигоров напишана пред 20 години со наслов „Зошто се распаѓаат земјите- случајот Југославија“.

Владимир Глигоров, синот на претседателот Киро Глигоров, кого по повод неговата смрт (2022) директорот на Виенскиот институт за меѓународни економски студии Марио Холцер, каде што работеше Владимир, го нараче „интелектуален гигант“ во својата студија речиси емпириски докажува дека распадот на Југославија е политички и историски процес кој ниту е минато, ниту е завршен што значи дека може да биде повторен, или кажано со други зборови да биде дозавршен. Притоа како еден од факторите за распадот на Југославија Глигоров го посочува фактот што етничката правда на народите била поставена над индивидуалните човекови права и слободи. Сведоци сме дека токму тоа се случува и во Македонија во целиот период на независноста. Кажано на разбирлив јазик, ако не се прифатат овие факти на кои укажува не само Глигоров, туку и Латинка Перовиќ која на истиот начин ја опоменува и Србија со нејзините посебности, дека и државите во западен Балкан ќе се соочат со распад констатирајќи дека распаѓањето на држави не е ништо ново и во поновата светска историја.

И Латинка, која ја имаше таа храброст да му се спротивстави и на Тито, го гледаше опстанокот на Србија само како европска држава, членка на ЕУ. Србија пред Македонија ги почна преговорите со ЕУ и застана соочена со притисокот на етничките прашања до каде е Србија. Заробениците на историјата и географијата во власта, со своите политики, речиси ги запреа преговорите со ЕУ. Што е само уште еден предзнак дека историскиот процес на распаѓање во западен Балкан не е завршен.

Колбе во својата колумна најдобронамерно, без иронија, на македонските политичари им препорачува да ги земат во предвид сознанијата изложени во студијата на Владимир Глигоров како многу значајни токму за сложената етничка мапа во Македонија. Таа потенцира дека тоа е особено важно во овој политички миг, кога со смената на власта во политичката реторика многу агресивно е истакнат етничкиот фактор кај двете најголеми етнички заедници. И тоа во една многу сложена геостратешка констелација во Источна Европа.

Владимир Глигоров истакнува дека „македонското прашање ќе постои уште долго.“

Македонија потсетува на Југославија, иако не е федерација, затоа што, како и во Југославија, во неа живеат повеќе етнички заедници, но доминантни се Македонците и Албанците.

Колбе поентира дека тоа треба да нѐ замисли, зошто денес во македонската политика повеќе се зборува за повредената национална гордост, би додал за достоинството од паролата „Македонија повторно твоја“, а не за брзото остварување на политичките и стопанските реформи, кои се приоритет во пристапниот процес на Македонија во ЕУ. Би додал за големиот „учинок“ за дестабилизација на државата од предизборната парола „Македонија повторно твоја“, која многу ми заличува на паролата „Разбуди се Германијо“ од триесетите години на минатиот век.

Политичкиот натпревар во Македонија мора консензуално да се насочи кон успешно спроведување на реформите што е единствената гаранција за одржливоста на државата, а со тоа и членството во Европската унија. Во спротивно пак некои идни генерации и за денешните „велепредавнички“ отстапки ќе раскажуваат како едно време сме имале иднина.


Текстот е личен став на Авторот. Извор: Независен
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Блаже КонескиЕрол РизаовНова Мекедонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ