• Latest

За натамошен успех на Гаранцијата за млади неопходна е поголема активација на невработените млади лица и теренска работа

February 22, 2023
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За натамошен успех на Гаранцијата за млади неопходна е поголема активација на невработените млади лица и теренска работа

February 22, 2023 12:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е предводник меѓу државите од Западен Балкан во спроведување на рамката на политики Гаранција за млади, која овозможува младите лица до 29 години кои не се вработени, да се вклучат во некоја од активните програми за вработување.

Гаранцијата за млади од 2014 година е главната рамка на политики во земјите членки на ЕУ за вработување на младите. Македонското искуство во спроведувањето на Гаранцијата за млади беше презентирано пред претставниците на надлежните државни институции од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, во рамки на студиската посета и конференцијата што се одржува на оваа тема во Скопје.

„Посебно сме горди што Република Северна Македонија е првата земја надвор од  ЕУ која од 2018 година во континуитет успешно го спроведува проектот Гаранција за млади. Од воведувањето до денес, над 80.000 млади лица се вклучија во Гаранцијата за млади. Речиси 40% од учесниците во проектот добија понуда за вработување, континуирано образование и обука, и беа вклучени во практикантство, што се смета за позитивен исход. Пристапот во справување со невработеноста на младите лица на пазарот на трудот покажа видно подобрување на состојбите со вработувањето на младите во нашата земја“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

На конференцијата беа презентирани искуствата од некои земји членки на ЕУ, конкретно од Ирска, Естонија и Шведска, во однос на начинот како функционираат нивните системи за идентификација, вклучување и индивидуална поддршка на младите луѓе кои се долгорочно невработени или неактивни поради нивната неповолна положба на пазарот на трудот.

„Гаранцијата за млади повеќе од осум години успешно се спроведува ширум Европската Унија. Таа им помага на младите луѓе да стекнат вештини кои се потребни на денешниот пазар на труд, со што се намалува невработеноста. Северна Македонија беше првата земја надвор од ЕУ која започна со имплементација на Гаранцијата за млади во 2018 година. Добро е да се види дека сите партнери од Западен Балкан сега ја прифатија иницијативата и почнаа да работат на развивање на шеми за младински гаранции во своите земји“, рече амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

Северна Македонија го започна спроведувањето на Гаранцијата за млади во 2018 година, најнапред како пилот-проект во неколку општини, а од 2020 година и на целата територија на земјата. Меѓународната организација на трудот, преку Инструментот за техничка помош на ЕУ/МОТ, во континуитет обезбедува поддршка во планирањето, следењето и прегледот на спроведувањето на Гаранцијата за млади.

„Северна Македонија покажува добри резултати во спроведувањето на Гаранцијата за млади. МОТ и понатаму ќе ја нуди својата експертиза и поддршка за да се овозможи натамошно унапредување на имплементацијата на оваа мерка во земјата. Досегашните искуства во нејзиното спроведување покажуваат дека за да се постигнат резултати неопходна е силна меѓуминистерска соработка и партнерство со граѓанските организации, синдикатите и организациите на работодавачи. Законодавно усогласување, како и поголема дигитализација на јавните служби за вработување, се клучен фактор за успех“, вели Емил Крстановски, национален координатор на МОТ.

Според податоците на Агенцијата за вработување на Северна Македонија, во текот на 2022 година, бројот на млади лица до 29 години кои влегле во Гаранцијата за млади бил 20.185, а од нив 8.706 или 43% се вработиле или се стекнале со вештини преку обуки, што претставува продолжување на успешниот тренд на имплементација на оваа рамка евидентиран во претходните години.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Гаранција за младиГирмлади
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ