поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Не е точно дека не постои непотизам во случаите на вработувања на роднини на високи јавни функционери во јавниот сектор, зашто тие се одвивале согласно законите, како што сметаат во Антикорупциската Комисија. Ако вработувањето не е во согласност со законот, одговорност постои и да нема непотизам. Според тоа, за непотизам треба да се одговара во случаи кога во јавниот сектор високите функционери ги вработуваат своите блиски роднини и пријатели, независно од тоа што ги исполнуваат сите други услови.
*
Мерките на Владата за одбрана на граѓаните од ширењето на заразата од корона вирусот, ВМРО ги смета за провокации, тензии и конфликти меѓу населението и опасност полицијата да биде изложена во непосакувана улога. ИВЗ категорично соопшти дека ќе има вечерни молитви во џамиите, и покрај рестрикцијата на движење и ја обвини Владата дека е тенденциозна против муслиманите и дека со тој потег ќе изгубат гласови на претстојните избори.
Бујар укажува на потребата да престанат “нападите” врз верските заедници, да се овозможи верниците да ги обавуваат своите обреди и државата да не се меша во одлуките на верските заедници. Најави, исто така, дека партијата за помош на граѓаните ангажирала дури 10.000 свои активисти.
Али се фали дека за само два дена пред Рамазан, партиските активисти посетиле повеќе 2000 семејства, само за да им кажат дека не се сами. Веројатно поради овие обвинувања и уцени Владата, иако премиерот тврди дека никој не е над државата, е принудена да не ја прифати препораката од Комисијата за заштита од заразни болести за продолжен полициски час и повторува дека се категорични оти мерките, препораките, одлуките и уредбите со законска сила, важат еднакво за сите граѓани, вклучително и за верските заедници.