ОПШТЕСТВО, РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „Напади врз демократијата и човековите права: Граѓанските организации во поддршка на општествата од Западен Балкан кои се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и хибридни напади“ е регионална конференција што ќе се одржи в среда (утре), 28 јули, од 11 до 13:30 часот, организирана од ЦИВИЛ, во соработка со Балканскиот форум, членки на Платформата за граѓанско општество за демократија и човекови права (ПГО).
КУЛТУРА Во Битола денеска во Центарот за култура во 12 часот ќе се одржи прес-конференција на Филип Бусон, претседател на Светската асоцијација на фолклорни фестивали-ЦИОФФ.
Во 22 часот во КЦ Магаза – Битола, ќе има проекција на етнолошки филмови.
Во рамктие на Охридско лето вечерва во 21 часот во црквата „Света Софија“, турската пијанистка Ѓулсин Онај ќе одржи концерт.
Министерот за здравство Венко Филипче по повод „Месец на остеосарком”, во 10 часот, ќе присуствува на настан во библиотеката на Клиниката за ортопедија, по што ќе има изјави за медиуми.
ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА Премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска во 10 часот ќе присуствуваат на отворање на новата градинка „Пеперутка“ во с.Стајковци.
СОБРАНИЕ Во 10:30 часот Комисијата за Европски прашања ќе одржи седница со дневен ред второ читање на предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рамномерен регионален развој, по скратена постапка
Во 12 часот Собранието ќе ја продолжи 47-та седница.
Во 11 часот ќе се одржи седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија со дневен ред – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта (скратена постапка); (Поднесен од: , Мартин Костовски, Дарко Каевски, Фаница Николовска, Диме Велковски, Арбер Адеми, Фадил Зендели)
Во 13 часот ќе се одржи седница на Законодавно-правната комисија со дневен ред – второ читање на Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавув












