ЦИВИЛ организира конференција на тема „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“, денес, со почеток во 13 часот, во хотел Парк Резиденс (зад градскиот фудбалски стадион), Скопје. На панелот ќе учестуваат министерот за правда, Бојан Маричиќ, Халил Снопче, пратеник и претставник од Алијанса за Албанците, потпретседателка на Државна изборна комисија Дитмире Шеху, Борис Кондарко, член на ДИК, Арбер Адеми од ДУИ и Џабир Дерала, претставник на ЦИВИЛ.
Претседателот на Собранието Џафери, во својство на шеф на Делегацијата во ПС на Процесот за соработка во Југоисточна Европа ќе учествува на Осмата пленарна сесија на ПСЈИЕ.
Седница на собраниската Законодавно-правна комисија во 13:30 часот.
Со обраќање на премиерот Зоран Заев официјално ќе биде отворен Првиот Економски форум во Скопје во 09:00 часот.
Министерот Бектеши ќе учествува на панел дискусијата „Инфраструктура, енергија и туризам: двигатели на долгорочен просперитет“ во 16:40 часот.
Командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа, генералот Тод Волтерс ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија во 8:40 часот.
Прес-конференција на градоначалниците на Град Скопје и на Општина Чаир, Петре Шилегов и Висар Ганиу во 11:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.