Седница на Собранието на Република Северна Македонија во 11:00 часот.
Седница на собраниската Комисија за европски прашања во 10:00 часот.
Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во 10:00 часот.
Седница на собраниската Законодавно-правна комисија во 10:30 часот.
Премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, претседателот на ДУИ Али Ахмети, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Сарај, Петре Шилегов и Блерим Беџети, и инвеститорите Валдета Касапи, Самет Мислиу и Џемил Шабани, ќе се обрати по повод промоцијата на Комплексот Планет во 11:00 часот.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, ќе учествува на јавна расправа на тема Нацрт – Закон за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост во 12:00 часот.
Продолжение на 50-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата во 10:00 часот.
Прес-конференција на градоначалниците на Град Скопје и на Општина Центар, Петре Шилегов и Саша Богдановиќ во 11:30 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.