Во 10:00 часот Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието.
Во 11:00 часот Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 37 седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања.
Во Скопје со почеток во 11:00 часот институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) ќе одржи конференција „Подобрен капацитет за превенција на несреќи и управување со кризи на локално ниво“.Целта на конференцијата е поттикнување на дискусија за системот за управување со кризи, можностите за соработка и меѓусебна поддршка на органите на национално и локално ниво, како и претставување на процесот на изработка на локални стратешки планови за намалување на ризиците од несреќи и катастрофи на осум избрани единици на локалната самоуправа.
Во 12:00 часот агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги преку видео конференциска врска ќе го одржи првиот јавен состанок за 2021 година. Покрај реализираните активности на Агенцијата за првиот квартал од оваа година, ќе бидат презентирани и наодите од анализата на родовите прашања и начинот на прикажување и претставување на жените и мажите во вестите на националните телевизии, во изборната кампања за Предвремените парламентарни избори во 2020 година.
Во Брисел во 12:30 постојаниот известувач за Северна Македонија Илхан Ќучук и постојаниот известувач за Албанија Изабел Сантос ќе одржат заедничка прес-конференција за извештаите на Европскиот парламент за двете земји.
Во 16:00 часот во Скопје ќе се одржи осумнаесетти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет- Северна Македонија и ЕУ. Како што објави собраниската прес-служба, на отворањето на виртуелниот состанок ќе се обратат Андреас Шидер и Биљал Касами, во својство на копретседавачи на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и Европската Унија.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.