Во Скопје со почеток во 12:00 часот, министерот за надворешни работи, Бујар Османи по повод обележувањето на големиот јубилеј – 50 година од основањето на Организацијата на франкофонијата ќе ја отвори изложбата „50 години Франкофонија – поглед од Северна Македонија“, а исто така ќе одржи и прес- конференција.
Во Штип со почеток во 10:30 часот, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорот на Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон и постојниот претставник на УНДП Нарине Сахикјан ќе го посетат Универзитетот „Гоце Делчев“ каде што ќе биде промовирана новокупената опрема во рамки на проектот дизајниран за решавање на загадувањето на воздухот во Скопје.
Со почеток во 14:00 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе одржи средба со командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк, по средбата ќе одржат прес-конференција.
Во 16:00 часот ќе се одржи конференција на тема „Значењето на пописите на населението за Бошњаците во Македонија и регионот“, во организација на Координативното тело на бошњачките организации за Попис 2021 во Скопје.
Во 13:00 часот во Скопје ќе се одржи дебата на тема „Правото на државјанството и без државјанството во Република Северна Македонија“ во организација од Институтот за јавни политики „Арбен Џафери“.
Во Скопје со почеток во 10:30 часот директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе одржи прес-конференција.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.