Денеска во 13:00 во Скопје ќе се сретнат лидерите на СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски во Клубот на пратениците, каде ќе разговараат за актуелните прашања како што се пописот, вакцинација, блокираното собрание и други.
Во Скопје со почеток во 11:30 часот ќе се одржи протоколарна проштална средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со началникот на Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје, полковник Зоран Јанкович.
Во 12:30 часот во Скопје ќе се одржи деветта седница собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска ќе биде во работна посета на Германија. Главниот акцент при разговорите ќе биде ставен на надминувањето на предизвиците и изгледите за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, со оглед на тоа што Германија има значајна улога во овие процеси, како дел од актуелното Трио од ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ.
Во 11:30 часот во Скопје ќе се одржи прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши посветена на јавните повици на Министерството за економија од Програмата за конкурентност и иновации и претприемништво (КИП) за 2021 година наменети за поддршка на домашните компании.
Во Скопје во 11:00 часот ќе се одржи онлајн прес-конференција замениците-претседатели на Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора на Северна Македонија, Асим Меџедовиќ и Александар Кузманоски на тема „Видливоста на Северна Македонија како туристичка дестинација за 2021 година“.