ЦИВИЛ денеска ги повикува сите граѓанки и граѓани, своите членови, поддржувачи, активисти да го посетат инфо –штандот во центарот на Скопје (преминот кај Палета) посветени на промоција на европските вредности, недискриминацијата и мултикултурализмот.
Втор ден на „Преспа форумот за дијалог“.
Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност во 10:00 часот.
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски ќе одржи работна средба со градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и ќе посети дел од локациите опфатени во проектите за регионален развој во 11:40 часот.
Претставници на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) и Здружението на вработените во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ ќе дадат изјава за медиумите во 13:30 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












