ЦИВИЛ денеска ги повикува сите граѓанки и граѓани, своите членови, поддржувачи, активисти да ги посетат инфо –штандовите во Струга и Кичево, посветени на промоција на европските вредности, недискриминацијата и мултикултурализмот.
Претседателот Стево Пендаровски, во рамките на посетата на Хрватска, ќе се обрати на деловната средба меѓу стопанственици на двете земји со фокус на инвестиции, организирана во соработка со Хрватската трговска комора во 09:00 часот.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за почетокот и текот на првата меѓународната конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог – „Западен Балкан“ во 12:15 часот.
Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет во 11:00 часот.
Законодавно-правната комисија ќе ги одржи 71 и 72 седница во 14:00 часот.
Министерот за здравство Венко Филипче, директорот на Клиника за неврологија Иван Барбов, претставник од Комисијата за ретки болести и Претседателот на македонско невролошко здружение- Драгана Петровска- Цветковска ќе одржат прес-конференција во 10:00 часот.
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска ќе одржи прес-конференција по повод ,,Две години МојДДВ со граѓаните” во 10:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












