ЦИВИЛ денеска организира јавен настан (панел дискусија) на тема „Колку сме еднакви?“ посветен на политиките и практиките за еднаквост, недискриминација и промовирање на европски вредности во единиците на локалната самоуправа во хотел Сити Парк. Настанот ќе се помести за 30 минути, со почеток во 13:30, наместо во 13:00 часот.
Како говорници на настанот ќе учествуваат градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари. Настанот ќе го модерира Дијана Тахири од ЦИВИЛ.
Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт во 11:00 часот.
Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе остварат работна посета на Софија, Република Бугарија, со цел интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Северна Македонија.
Скопје – Прес-конференција на Државната комисија за спречување на корупцијата во 10:30 часот.
Скопје – Прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во 11:00 часот.
Во 12:00 часот ќе се одржи прес-конференција на Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.