ЦИВИЛ неодамна ги повика своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи. Крајниот рок за пријавување е 10 јули, на полноќ. Има слободни места за набљудувачи од целата земја, но особено од општините надвор од Скопскиот плански регион.
Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува за воведување рестрикции во однос на заштита на границите против ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој се рашири низ Европа и ќе процени дали тестовите се вистинската мерка со која ќе може да се заштитиме.
Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет во 12:30 часот.
Промоција на фитосанитарната политика спроведувана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на која ќе присуствува и ресорниот министер Арјанит Хоџа во 12:30 часот.
Прес-конференција на Алијансата за Албанците во 12.30 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












