• Latest

За поддршка на инвестициски проекти до ФИТР 236 апликации, главно од мали компании

June 24, 2018

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

За поддршка на инвестициски проекти до ФИТР 236 апликации, главно од мали компании

June 24, 2018 16:24
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На првиот јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за поддршка на мали и средни претпријатија, кој траеше од 27 април до 11 јуни, примени се 236 апликации за инвестициски проекти, главно од микро и мали компании, што бил и таргетот на овој повик – мерка од Планот на Владата за економски раст. 

Според индустрии, најмногу инвестициски проекти има од ИТ-областа (околу 30 проценти), потоа следуваат од енергетиката, технологијата и машинството, трговијата и градежништвото. По региони, над половината апликации (околу 60 проценти) се од компании со седиште во Скопје, а останатите се од други населени места во Македонија.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на ФИТР Јован Деспотовски денеска ги презентираа првичните податоци и истаканаа дека бројот на апликации ги надминал нивните најоптимистички очекувања и дека ќе се заложат да ги исполнат барањата на што поголем број апликанти.

Анѓушев задоволен од големиот одѕив на, пред се, малите компании, истакна дека тие го препознале овој механизам корисен за нив и дека кај младите луѓе во Македонија се вратил ентузијазмот да инвестираат.

Вкупната инвестиција на компаниите што аплицирале, рече тој, е 52 милиона евра, од кои бараат 33 милиони помош од Фондот, или 63 проценти, а 19 милиони евра или 37 проценти би биле нивна сопствена инвестиција.

– Среќни сме што од 236-те апликации, 208 односно 88 проценти се во делот на иновативноста, што покажува дека Македонија има млади иновативни луѓе кои имаат идеи, а Владата секогаш ќе биде со нив за да ги поддржи. Среќни сме што ќе им овозможиме да формираат фирми кои еден ден се надеваме ќе прераснат во поголеми со значителна вредност. Важно е што од тие што аплицирале 83 или 35 отсто се микро компании и 115 или 49 проценти се мали компании. За нив и беа наменети овие мерки, што укажува дека тие биле димензионирани соодветно според потребите. Останатите апликации се од средни и големи, рече Анѓушев на прес-конференцијата попладнево во Владата.

Директорот на Фондот Деспотовски рече дека 92 процента од средствата кои компаниите ги побаруваат за поддршка на инвестиции се во делот на развој на иновации. Тоа, според него, е значајно зашто преку иновациите  дополнително ќе се забрза економскиот раст.

анѓушев деспотовски прес

Соопшти дека износот на средства што компаниите го побаруваат за инвестиции во првиот повик е 11 пати повисок од средствата што ги планирале за овој повик, односно 3,5 пати повисок од вкупниот буџет за Планот за економски раст.

– Овие бројки, всушност, покажуваат колкав е апетитот на домашните компании за ваков тип финансиска поддршка на економијата, а покажуваат и дека со правилна финансиска поддршка од Владата компаниите се подготвени да инвестираат и сопствени средства во проектите, додаде Деспотовски, соопштувајќи и дека за реализација на планираните инвестициски проекти компаниите планираат ангажирање на над 1.300 лица (од кои 27 проценти нови вработувања), со просечна плата од  околу 700 евра месечно.

Со оние што ќе бидат прифатени ќе бидат поптпишани договори на средината на јули откако ќе помине фазата на евалуација и претселекција што ќе ја прават над 200 стручни лица за 20 области, а втор филтер при изборот ќе биде комисија од странски експерти. Нов повик за поддршка ќе има наесен. (МИА)

Tags: 236 апликацииинвестициски проектимали компанииподдршкаФИТР
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ