Повеќе од половината граѓани на САД, вклучително и голем број јужноамериканци и афроамериканци сметаат дека претседателот Доналд Трамп е расист, покажува анкетата на Националниот центар за истражување на јавното мислење (НОРЦ) изработена за американските медиуми.
Резултатите покажуваат дека политиката на Трамп ја влошила ситуацијата на јужноамериканците и на муслиманите во САД, додека половина од испитаниците изјавиле дека е влошена и положбата на афроамериканци.
Вкупно 57 проценти од сите возрасни групи, вклучително осум од 10 афроамериканци, околу 75 отсто од јужноамериканците и речиси половина од белците оцениле дека Трамп е расист.
Анкетата покажува дека дури 85 проценти од приврзаниците на Демократската партиоја се согласуваа дека Трамп е расист, а само 21 отсто од приврзаниците на Републикансјка партија.
Приближно половината Американци, вклучително две третини од афроамериканците оцениле дека меѓурасните односи во САД се влошиле во последната година.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.