• Latest
Проф. Мирјана Најчевска

За промените во Законот за работни односи

July 19, 2021

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За промените во Законот за работни односи

July 19, 2021 08:30
in СЛОБОДНА ЗОНА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Проф. Мирјана Најчевска

Проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Според мене, измената во Законот за работни односи со која мора да биде пензиониран секој оној кој ќе наполни 64 години и минимум 15 години работен стаж е исклучително негативна и претставува сублимат на безидејност во водењето на политиките поврзани со остварувањето на правото на работа, спакуван во популистички целофан.

Прво, луѓето со нивното искуство и вештини се исклучително важен ресурс во развојот и напредокот на било која економија. Диригираното пензионирање на поголем број луѓе кои имаат искуство и вештини за вршење одреден работи многу лесно може да доведе до помала ефикасност во функционирањето на институциите. За различни работни места се потребни различни вештини и различно ниво на искуство за чие стекнување често се потребни поголем број години.

Зошто би сакале да испратиме во пензија искусен готвач, или хаузмајстор или  наставник кој својата работа може да ја извршува уште 2, 3, 5 години?

Второ, напредокот вообичаено значи продолжување на животниот век на луѓето. Ова продолжување не е само квантитативно туку и квалитативно, односно, луѓето остануваат подолг период од својот живот работоспособни. Луѓето кои живеат подолго и кои се кондиционо и здравствено на повисоко ниво од нивните предци, можат да уживаат во работата и да пружат соодветни резултати подолго, а не пократко време во рамките на својот животен век.

Во последните 10 години старосната граница е поместена за над 6 години и понатаму се поместува. Во исто време квалитетот на живеење, соодветната здравствена заштита и условите во кои живеат луѓето, значат поголем број луѓе кои поголем број години можат и сакаат да работат. Тоа значи дека не само што не треба да се намали границата за пензионирање, туку таа треба да се подигне.

Трето, постои многу голема разлика во ангажманот кој го бараат одредени работни места. Постојат работни задачи кои не бараат посебен физички напор, односно, кои не се поврзани со потреба од совладување нови технологии, и кои со леснотија може да бидат извршувани од страна на повозрасни луѓе.

Вработувањето на младите како шалтерски работници, на техничко-секретарски места и во помошно-услужни дејности, не соодветствува ниту на нивните можности, ниту пак на интересите на поголем број од нив. Многу често токму постарите имаат повеќе трпение и разбирање и практични совети кои можат да помогнат.

Четврто, со диригираното пензионирање не се ослободуваат институциите од неработници и од луѓе кои лошо ги извршуваат работите.

Со оглед на тоа дека пензионирањето не е поврзано со никаква претходна процена на успешноста во работењето на тој кој се пензионира, многу лесно може да се случи добри и успешни работници да бидат заменети со лоши и неуспешни.

Петто, развојот вообичаено подразбира отворање нови работни места и поголема потреба од луѓе со одредено искуство и вештини. Доколку нечие вработување зависи од тоа да биде отстранет од работа солиден работник, тоа значи стагнација, а не напредок.

Вработувањето на младите треба да се остварува со проширување на можностите, со нови работни места, со атрактивни проекти, динамични вработувања и задачи, а не нивно сместување на попасивни, нединамични, бесперспективни работни места на кои сосема успешно може да се снајдат и повозрасни.

Според мене, промените во оваа област би требало да значат:

– поголема формална и фактичка слобода на луѓето да изберат дали да се пензионираат или не

– постојано зголемување на распонот на можно пензионирање со цел што е можно поголема индивидуализација зависно од работата, но и од желбите на оној кој сака или не сака да се пензионира

– можност за избор на различни видови вработување (со полно, скратено или флексибилно работно време) кои го продолжуваат работниот век за сите оние кои сакаат да работат

– постоење правила, процедури и критериуми кои ќе наградуваат и кои ќе го прочистуваат системот од сите оние кои не се соодветни за некое работно место

– поддршка од страна на државата за отворање нови работни места (посебно стимулирање на зелените работни места во борбата со климатските промени, искористувањето на зелената енергија, производството на храна, заштитата на водните ресурси, заштитата на природата, рециклирањето…).

За разлика од ова, единствено нешто што можам да го изведам како заклучок од направената промена е дека Македонија има неуспешна економија, дека државата не успева да изгради политики кои ќе обезбедат активно и осмислено вработување на младите и дека вработувањето останува начин на кој партиите на власт ги купуваат гласовите.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторката.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ