• Latest

За Северна Македонија нема алтернатива за ЕУ, но бара и условите за членство да бидат европски

July 13, 2021

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За Северна Македонија нема алтернатива за ЕУ, но бара и условите за членство да бидат европски

July 13, 2021 09:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во очекување на конечните резултати од завчерашните вонредни парламентарни избори во Бугарија и со надеж дека по нив ќе се формира функционален парламент и политичка влада што ќе овозможи продолжување за разговорите за повлекување на бугарското вето за старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, властите во Скопје порачаа дека за земјава не постои друга алтернатива освен европската интеграција и нема простор за евроскептицизам, но и дека условите за влез во Унијата мора да бидат на линија на европските вредности.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вчера во обраќање на меѓународниот симпозиум Сими во Грција, порача дека случајот на Северна Македонија покрена сериозна загриженост за влијанието и кредибилитетот на ЕУ во регион, чијашто иднина природно е да биде европска.

– Искачивме планина на нашиот пат, надминувајќи го проблемот со Грција преку Преспанскиот договор. Но, тој договор беше можен само затоа што Грција го прифати нашето право на самоопределување. Прашањето за тоа кои сме и каков јазик зборуваме е наше и во 21 век не е само неевропски, туку е и непристојно друг да го прави. Дали една земја членка, само затоа што е членка, има право да поставува секакви услови на земја кандидат за влез? На пример, да побара да нема слобода на медиуми? Токму ова се случува. Значи тие услови мора да се на линија со европските вредности, оти, наречете ме идеалист, ама за мене, уште од студентските денови, Европа не е само економски џин, туку е збир на идеали и вредности и низ тие вредности треба да биде ценет нашиот напредок, рече Димитров.

Во однос на обидите за надминување на пречките за одржување на првата меѓу владина конференција на Северна Македонија со ЕУ, Димитров нагласи дека ова прашање е релевантно како за иднината на нашата земја, така и за иднината на Европа.

– Надминувањето на блокадата од бугарска страна е прашање кое тежи многу повеќе и одекнува подалеку од односите Скопје-Софија. Триото претседателства моментално предводено од Словенија вложуваат сериозни напори за изнаоѓање решение, бидејќи влогот е голем и на страната на ЕУ. Воедно, ова прашање ги поткопува и релациите меѓу граѓаните поради што влијае и врз перспективите за одржување стабилност, рече Димитров.

Димитров нагласи дека политиката на вето создава антагонизам, и како што рече, на последните анкети нашите граѓани гледаат најголема закана токму од Бугарија.

– Затоа се надевам дека со идната бугарска влада ќе можеме да постигнеме разбирање за заедничка победа, и за нас и за нив и за регионот и за цела Европа. Истовремено, ние остануваме посветени на европеизацијата – спроведување на реформи за вградување на европските стандарди дома, бидејќи тоа и е суштината на пристапниот процес, посочи Димитров.

Во исто време, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на средба со евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир ја потврди определбата на земјава да опстои на патот кон интеграцијата во ЕУ и ја нагласи важноста од посредувањето на Унијата во надминувањето на спорот со Бугарија.

Груби истакна и дека нема простор за евроскептицизам, како меѓу политичките елити, така и меѓу граѓаните, бидејќи сите наши достигнувања се заеднички со ЕУ и земјава ќе продолжи на таквиот пат.

Во очекување Собранието да закаже седница на чиј дневен ред ќе се најде Предлог-резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за државната позиција во однос на разговорите со Бугарија, најголемата опозициска партија вчера апелираше СДСМ и ДУИ да го поддржат предложениот текст, кој, како што тврди, ги „истакнува црвените линии и ги штити јазикот, нацијата и идентитетот“.

– Резолуцијата е рамка од која не смее да излезе ниту Зоран Заев, ниту која било друга влада. Очекуваме да се надминат партиските интереси и сите да застанат зад интересот на државата. Резолуцијата ќе биде национален став и како таква може само да ги зацврсти македонските позиции, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Според неофицијалните резултати од неделните парламентарни избори во Бугарија, тесна победа извојува партијата Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов, пред коалицијата на Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот премиер Бојко Борисов.

И по овие избори, ниту една партија или потенцијална коалиција, не обезбеди доволно мандати во бугарското Собрание за формирање стабилно владино мнозинство, па Трифонов вчера најави дека ИТН „ќе преземе одговорност за владата и ќе предложи независен кабинет“, предлагајќи и листа со имиња на министри.

Според предлогот на Трифонов, нов премиер би бил Николај Василев, кој беше вицепремиер во Владата на Симеон Сакскобурготски од 2001 до 2005 година, а шеф на дипломатијата би бил дипломатот Ради Најденов.

Трифонов минатиот месец на предизборен собир на неговата партија во Пловдив порача дека земјава „не ќе може да ги започне преговорите за членство во ЕУ без да ги исполни потребните услови“.

 


СТАВ

Остатоци покрај шините

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ