Деблокирање на реформските закони, фер избори со учество на опозицијата до крај и судбината на СЈО се трите главни теми на вечерашната средба меѓу премиерот Зоран Заев и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски. Средбата започна во 20 часот во зградата на Владата.
Во реформските закони, акцентот е на безбедносните служби, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ цени дека сѐ уште има простор за нелегално прислушување.
Мицкоски претходно најави дека ќе бара строги правила за претседателски избори и гаранции дека нема да има полнење на кутии. Се заканува дека, ако тоа се случи во првиот круг, ќе го бојкотира вториот круг.
Третата тема е иднината на СЈО за што неофицијално се лиферува дека ВМРО-ДПМНЕ би прифатиле и главен обвинител од странство, како и истрага на сите сомнителни случаи, почнувајќи од аферата ТАТ. Официјално од ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да откријат други детали за средбата.
Арбен Зеќири