Заклучно со 3 јуни 2022 година, од почетокот на руската инвазија на Украина, според ОН, 261 деца загинаа, а повеќе од 463 деца се повредени. Ова се должи на активни воени дејствија во погодените региони, и не постои можност за увид во областите на гранатирање и уништување.
Точните податоци за загинати и повредени деца во овие во моментов се формираат по региони, соопштуваат од украинската Владина канцеларија за координација на Европска и Евроатлантска интеграција.
Според прес-центарот на поморските сили на украинските вооружени сили, руската војска носи во Севастопол трговски флоти и ги исклучува нивните системи за идентификација AIS, за да се оневозможи да се идентификуваат како цивилни бродови. Криејќи ги своите воени бродови зад себе, руската војска продолжува да уништува мирни украински градови и убива украински цивили со „Калибар“ проектили.
Според украинскиот министер за инфраструктура, Олександр Кубраков, во текот на 100 дена активни воени дејствија на територијата на Украина, илјадници километри на автопати (24 илјади км патишта), 7 илјади км железници, 302 автомобилски и 49 железнички мостови, 11 аеродроми се оштетени или целосно уништени, како и 21 железничка станица, со заземање на четири поморски пристаништа.
Најмалку 300.000 луѓе останаа без покрив над главата. За 100 дена целосна инвазија на Украина, руската војска уништи 370 локалитети на културно наследство, соопштуваат од украинската канцеларија за координација на Европска и Евроатлантска интеграција.