Моето мислење за телефонската рашомонијада:
1. Премиерот (било кој да е) мора да биде заштитен од ваков вид упади. Тоа значи дека некоја служба потфрлила и треба да се види која.
2. Не мислам дека станува збор за шегобијство. Разговорите се многу јасно насочени кон одредени личности во одреден момент, начинот на кој се водат покажува обученост карактеристична за контра разузнавачките формации, податоците со кои располагаат (од контакт телефони, до софтверска поддршка, но и специфични податоци на одделни држави/меѓународни структури), во голема мера ги надминуваат капацитетите на двајца шегобијци.
3. Веќе се следат и анализираат и анализите укажуваат на нов вид на оружје во психолошката војна (https://monitoring.bbc.co.uk/product/c1dofhaw)
Добар аналитичар може да открие:
1. Кои прашања мислат дека можат да бидат искористени против Северна Македонија
2. Каде се перципираат слабите точки на кои може во иднина да се притиска
3. Како може да се искористи опозицијата за дестабилизирање на државата во корист на Русија.
Наместо да се пенави и да тресе зелени Милошоски може да седне и да размисли (јас сепак мислам дека има два грама мозок) како тоа станува пион во нечија многу суптилна игра.
Мирјана Најчевска
на Фејсбук