• Latest

За тврдокорните протести, велосипеди и трактори: каде се џиповите и мерцедесите?

March 13, 2017

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За тврдокорните протести, велосипеди и трактори: каде се џиповите и мерцедесите?

March 13, 2017 17:53
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во недостаток на луѓе со мотив да излезат на протестите за одбрана на криминалот, кои лажно се претставуваат и именуваат како протести „за заедничка Македонија“, началниците не престануваат да измислуваат начини и методи за да покажат дека сè уште ги држат конците в раце и да ги наполнат улиците. Или, барем да ги направат да изгледаат дека се полни.

Пишува: Петрит Сарачини

Оттука, во неделата, некому во штабот му текнало да организира „патриотско дефиле“, со велосипеди. Еколошки, нема што. Особено, кога ќе ви текне на светските рекорди во загаденост кои ги уриваа Тетово и Скопје овие години, на масакрот на шумите и дрвјата, на „Југохром“, на загадените реки…

И, бидејќи сето ова го знаат и граѓаните, очекувано, улиците на Скопје останаа полупразни, со пар стотици протестни велосипедисти. За да се скрие дебаклот, на помош беа донесени и административци, заедно со велосипедите од проектот за нивно изнајмување – како јавен транспорт на Град Скопје. Јавни ресурси, повторно беа злоупотребени и беа дел од партиското „протестно еко-возење” на тврдокорните ГДОМ-ови и ГИЗАМ-ови.

Пред некој ден, на улица се извадија комбајн и трактори. Неколку месеци претходно, автобусите на ЈСП се користеа за транспортирање на митингашите на владејачките партии.  Но, џабе е сè. Дупките во „протестните“ колони за одбрана на криминалот и омразата – се сè поголеми. Тие не ги покриваат веќе ниту огромни знамиња, ниту светла, ниту добро определени агли за снимање од прорежимските камери, кои се обидуваат невешто да ја скријат празнотијата. И во бројките на поддржувачи и во суштината на приказната која се „продава“ на секоја медиумска тезга, но која никој веќе не ја купува.

Очајот е евидентен и голем.

Во овој краен стадиум, се вадат деца да плукаат и напаѓаат новинари, интелектуалци, политички противници… Се снимаат нивните реакции, за потоа да се објават во соодветна рамка за противникот – ако реагира е насилник, ако не реагира, ќе биде исплукан и предмет на јавен потсмев. Се заплашуваат и индоктринираат деца по училишта, по студентски домови, со крајно дрски лаги и пропаганда кои поттикнуваат омраза кон различните – по етничка, верска и политичка основа…  Се праќаат насилници по домови на луѓе, да вознемируваат деца и семејства, кои демек, ги повикуваат на „заедништво и одбрана на татковината“.

Ех, лесно е кога има кој да гине за тебе, додека седиш во папучи, добро завален во фотелја и ги броиш милионите украдени од народот. Но, будали има сé помалку. Ептен видливи станаа дупкиве…

Ќе дојде ли време, на протест да се извадат џиповите и мерцедесите од стотици илјади евра, или има уште луѓе кои ќе го прифатат доброволно лудилото, да застанат во одбрана на насилници и криминалци?  Па, Англискиот крал Ричард, за да избега од битка во која бил поразен, нудел кралство за коњ! Можат и нашите началници да ги понудат своите „куферчиња“ и „коњи“, во замена за поддршката на „народот“ – за спас на нивната кожа!

Оти, доста ја „спасуваа“ Македонија, односно себеси, со наши заеднички пари!

 

 

 

Tags: Англискиот крал РичардГДОМГИЗАМГСПЗаедничка МакедонијаочајпапучиПротести
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ