• Latest

За Захариева потпишувањето на договорот е зелено светло за ЕУ и НАТО

June 16, 2018

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

За Захариева потпишувањето на договорот е зелено светло за ЕУ и НАТО

June 16, 2018 14:59
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева денеска во Градскиот парк во Скопје, каде учествуваше на отворањето на фестивалот  One love tour 2018 изрази увереност дека по потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција, закажано за утре во Мала Преспа, Македонија конечно ќе може да отпочне преговори за членство во ЕУ, а потоа да добие и покана за влез во НАТО.

– Бугарија сака Македонија на крајот на месецот конечно да почне преговори за членство во ЕУ. Навистина повеќе нема време и ја сум уверена дека по потпишувањето на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција утре од срана на двајцата министри за надворешни работи, во присуство на двајцата премиери, со присуство на комесарот Хан и комесарот Могерини на 26 јуни  на Советот на ЕУ, со кој претседавам јас, Македонија ќе добие зелено светло, вели Захариева, која беше во придружба на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Таа истакна дека никој ништо не добил од 27 годишниот спор меѓу двете земји за името.

– Ништо не добивме со тој 27-годишен спор. Ништо не добија граѓаните на двете држави пред потпишувањето на договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија. Ако Македонија на 26 јуни ги почне преговорите тоа нема да претставува загуба, туку само придобивка. Во спротивно ризикуваме одложување на целиот процес, рече Захариева.

Нагласи дека следната најрана можност тоа да се случи ќе биде крајот на 2020 година, со оглед на изборите за Европскиот парламент, следната година.

– Сметам дека македонскиот народ не заслужува да чека уште две и пол години за да почнат претговорите, нагласи Захариева и ги поздрави Заев и Ципрас, кои ги нарече двајцата храбри премиери, но и шефовите на дипломатите на двете земји кои ги водеа преговорите.

– Уверена сум дека следната недела ќе се ратификува договорот, за да може на 26 на Советот на ЕУ да биде дадено залено светло за Македонија да отпочне преговори, а потоа тоа да биде потврдено на Самитот на ЕУ, додаде Захариева.

За Бугарија, како што рече, е прифатливо името Република Северна Македонија.

– Ние први ве признавме, ја признавме Република Макеоднија во целина. Она што е важно за нас, а го содржи и во нашиот допговор дека нема територијални претензии, нагласи Захариева.

По потпишувањето на договорот со Грција ќе продолжи да важи и договорот за добрососедство со Бугарија, има дел кој кажува дека тој не е насочен кон други држави, појаснува таа.

– Тоа е прашање меѓу Грција и Македонија и единствено нешто што сакаме е да бидеме заедно во ЕУ, кога ќе бидете подготвени и нашата поддршка нема да заврши со завршувањето на нашето претседателство, додаде бугарската министерка.

Нагласи дека Македонија и Бугарија со Договорот за добрососедство успеале да го деблокираат процесот, кој бил блокиран 15 години.

– Земјите од Западен Балкан се во центарот на европската надворешна политика. Начинот на кој една земја ја креира надворешната политика со соседите е оценката за целокупната надворешна политика на земјата. Ако не можеш да се разбреше со соседите, не можеш да се разбереш со никој, вели таа.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа зошто таа и Борисов не го примиле претседателот Ѓорге Иванов за време на неговата посета во Софија таа кажа дека Бугарија не сака да зазема страна во спорот меѓу Македонија и Грција.

– Не сакаме да заземаме страна во вашиот спор.  Бугарија вложува големи напори во текот на своето претседавање вниманието на Европа повторно да го сврти кон регионот. Ова е наш регион и сега кога сме толку близу до решавање на 27-годишен спор, сметам дека немаме повеќе што да кажеме, додаде таа.

Изрази задоволство од можноста да присуствува на денешниот фестивал, нагасувајќи дека уметниците и културата, отсекогаш биле сплотени и им давале пример на политичарите, како треба да дејствуваат. Изрази уверување дека фестивалот ќе стане долгогодишна традиција.

Министерот за надворешни работи Димитров изјави дека утре е историски ден за Македонија, со кој се отвора иднината.

Нагласи дека утрешниот ден е еден голем чекор во насока на затворање на прашање, што е отворено толку колку што е стара независноста на Република Македонија, практично од 1991 година.

– Имаме сили што се борат за напред, за иднината, имаме сили што се борат за назад, за минатото. Минатото не можеме да го смениме, иднината можеме. Мислам дека тоа е многу голем чин, на некој начин бевме охрабрени од Договорот за пријателство со Бугарија. Ова е нашето последно отворено прашање и на некој начин завршува една фаза на прашалници, на предизвици. Многу ќе биде важно овој чин да ги отвори вратите и на ЕУ и на НАТО бидејќи меѓудругото, покрај пријателството со Грција, македонските основни мотиви се да се отворат вратите и конечно да излеземе од таа чекална, каде што сме заклучени премногу години, рече Димитров.

Во врска со случувања во Грција со интерпелацијата на Владата на Ципрас рече дека спорот со името долго време бил употребуван во домашната политика.

– Мислам дека секогаш кога вакви прашања се предмет на домашно политичка битка тоа води во лош правец. Мислам дека ова не треба да не изненадува, како што спомнав има сили што сакаат да одиме напред и има сили што сакаат да останеме закопани во рововите. Тоа и се случува во Грција, тоа се случува и во Македонија, наше е да туркаме, да убедуваме, бидејќи се работи за иднината на нашите граѓани, истакна Димитров.

Во врска со тоа дали потпишувањето на договорот со Грција има основи за актуелизирање на Договорот со Бугарија за добрососедство, поради новото име на Македонија нагласи прашањето е комплексо ако треба да се разговара со повеќе страни.

– Со лидерство и со визија за напред не очекувам да имаме дополнителни проблеми. Мислам дека пријателството значи разбирање за грижите на другиот и како што во Македонија ќе има такво чувство за Бугарија и во Бугарија ќе има такво чувство за нас. Не може Македонија да биде среќна ако Бугарија е несреќна или Грција, Албанија, мал ни е регионот, рече тој.

Конечниот избор за договоро со Грција, напомена дека ќе го имаат граѓаните.

– Ако граѓаните решат ваква Македонија сакаме, сакаме отворени врати кон ЕУ, сакаме да влеземе во НАТО. Мислам дека нема поголема патриотска должност од отстранување на проблем кој долгорочно не блокира. И Собранието и претседателот, со сета почит за различните ставови, ако граѓаните речат „да“, ќе мора и тие да кажат „да“, рече Димитров на Фестивалот „One love tour 2018“ во Грдскиот парк. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ