• Latest

За здравството во 2020 година предвидени 7,1 милијарда денари

November 22, 2019
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За здравството во 2020 година предвидени 7,1 милијарда денари

November 22, 2019 12:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Предлог-буџетот на Министерството за здравство за 2020 година изнесува 7,1 милијарда денари, и е зголемен за 634 милиони денари споредено со буџетот за годинава. За наредната година предвидуваме мерки и политики кои се во насока на унапредување и зајакнување на здравствениот систем преку подобрување на условите во јавните здравствени установи, набавка на медицинска опрема, како и обезбедување лекови, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека годинава ја почнале со зголемување на платите на здравствените работници, а овој тренд на зголемување на платите и подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал ќе продолжи и идната година.

„Во изминативе две години вкупното зголемување на основната плата на лекар специјалист е 40 отсто, на медицинска сестра 20 отсто, односно 23 отсто, 40 отсто на наставниот кадар, 25 отсто на општите лекари и 15 отсто на сите здравствени соработници. Со зголемување на сумата пари за дежурства, односно ноќен труд има здравствени работници, лекари специјалисти кои имаат двојно поголеми плати во однос на 2017 година“, рече Филипче.

Во 2020 година, потенцира министерот, биле завршени градежните активности за реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, а продолжиле и градежните активности во Општата болница во Струмица, како и реконструкцијата и доградбата на Специјалната болница по хирушки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Како следни приоритети тој ги наведе реконструкцијата на котларата во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Скопје и на покривот на Заводот за нефрологија во Струга, потоа почетокот на градежните активности во Специјалната болница за респираторни болести во Отешево, изградбата на целосно нова амбуланта во општината Сарај и целосно два нови блока за болните во Психијатриската болница во Демир Хисар, како и реконструкции на повеќе јавни здравствени установи, а со средствата во износ од 812 милиони денари ќе продолжи изградбата на новата Клиничка болница во Штип и новиот Универзитетски клинички центар во Скопје.

 

„За 2020 година предвидена е и набавка на медицинска опрема за јавните здравствени установи во државава. Завршени се постапките за набавка на медицинска опрема на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и апарат за компјутерска томографија за болницата во Струга и за оваа намена за следната година се предвидени 268 милиони денари. Значајно го зголемивме буџетот за ретките болести, првпат го обезбедивме лекот спинраза, пет нови лекови за пациентите со болеста Гоше, за посебни форми на леукемија, пулмонална фиброза и пулмонална хипертензија и буџетот за оваа ставка за 2020 година ќе изнесува 527 милиони денари“, рече Филипче.

Со Предлог-буџетот за 2020 година, посочи министерот, ќе бидат обебзедени и инсулин, инсулински игли, глукагон, ленти за мерење шеќер и пумпи за континуирано снабдување на инсулин, за што се предвидени 750 милиони денари, пренесува МИА.

Филипче нагласи дека обезбедуваат и вакцини за континуирана имунизација и по епидемиолошки индикации, додавајќи дека согласно новововедените вакцини против рота вирусот и пневмокок и зголемените количини на МРП вакцината заради големиот број вакцинирани, за следната година се предвидени 395 милиони денари.

„Со програмата за целосно здравствено осигурување е покриено здравственото осигурување на сите граѓани кои не се осигурани по ниту еден друг основ и за таа цел ставката во Министерството за здравство за 2020 година изнесува 2,9 милијарди денари. Се грижиме и за пензионерите. Покрај укинувањето на квотите за лекови на рецепт и обезбедувањето лекови во кој било ден од месецот, во 2020 година продолжуваме и со обезбедување на болничкото лекување без наплата на партиципација за сите пензионери кои имаат пензија пониска од просечната и партиципација за лицата под 18 години, но и нивните родители, чии семејства се корисници на социјална парична помош. За таа намена се одвоени 89,4 милиони денари“, додаде Филипче.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ