Која е позицијата на Владата кога станува збор за промоција на отворена и транспарентна комуникација со јавноста или промоција на фактите и информациите, виз-а-ви справувањето со дезинформациите. Четири основни постулати, прво, работење на зголемување на довербата помеѓу институциите и граѓаните, преку демонстрација и на одговорност и на храброст, одлучност, лидерство и во политичките дејствувања и во јавните комуникации. Второ, обезбедување на отвореност во комуникациите и интеракција, брзина во интеракцијата. Во живо комуницирање со медиумите, брзо одговарање на оние кои што прашуваат и бараат информација, помагање на оние кои што се бават со факт чекинг, не преку партнерство и соработка со нив, туку преку брза комуникација и брзо одговарање на нивните потреби и прашања. Обезбедување на вклученост и учество на сите заинтересирани граѓани и НВО заедници во креирањето на политиките, односно постојана подготвеност на Владата да слуша, да прифаќа, да разбира што е тоа што граѓаните и заедниците го кажуваат.
Марјан Забрчанец
Панел дискусија „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.