Во оваа насока ме охрабрува и начинот на кој што НАТО во последните свои јавни стратешки документи ја дефинира својата улога во дезинформациите, па така НАТО во своите последни јавни определби по однос на стратешките комуникации вели: ние не сме препознаени или не сакаме да бидеме препознаени по она против што се бориме, туку по она за што се залагаме или по она што го промовираме и токму тоа е мојата теза денеска, дека општествените чинители кои што презеле одговорност и си ја зацртале својата улога дека ќе промовираат прогрес, факти, информации, напредок, соживот, дијалог, разбирање, мора многу повеќе да вложуваат во каузите „за“, отколку борбата „против“.
Марјан Забрчанец
Панел дискусија „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.