• Latest

Забрчанец: Притисок за транспарентност, силно НАТО и одлучна Европа – клучни во борбата против дезинформациите

March 4, 2025

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Забрчанец: Притисок за транспарентност, силно НАТО и одлучна Европа – клучни во борбата против дезинформациите

March 4, 2025 17:04
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Дезинформациите се само мал дел од хибридните напади против демократските вредности. Сите сме сведоци дека демократскиот свет не успеа и сѐ уште не успева да се одбрани од таквите напади“, изјави Марјан Забрчанец, експерт за комуникации, на третиот панел од меѓународната конференција „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“, насловен „Дезинформациите како оружје: Спротивставување на дезинформациите и хибридното војување“.

Хибридните напади водат до сериозни конфликти меѓу граѓаните, меѓу групите, меѓу народите и меѓу државите – тоа се вистински војни – војни на кои веќе сме сведоци на повеќе фронтови низ светот, војни во кои невини луѓе веќе страдаат и ќе продолжат да страдаат, а оние кои најмногу ќе страдаат ќе бидат маргинализираните и послабите граѓани.

Дезинформациите доведуваат до дезинтеграција и дестабилизација.

Да го погледнеме нашиов регион. Имаме активен спор меѓу Северна Македонија и Бугарија и го имаме одбивањето на македонската влада да ги исполни своите уставни обврски – исходот е блокирана европска интеграција на земјата. Ова не е само билатерално прашање, туку навлегува длабоко во регионалните и геополитичките односи.

Погледнете ги случувањата во Србија – протестното движење и радикализираното однесување на тамошната власт, тензиите и шок бомбите во тамошниот Парламент.

Погледнете ја ситуацијата околу Додик во Босна и Херцеговина.

Балканот повторно врие. Постои ризик од сериозен регионален безбедносен проблем.
Оваа ситуација беше предизвикана, меѓу другото, од долготрајните дезинформации и хибридни влијанија од Исток против Запад, од режимите против демократиите.

И, ако пред некое време велевме дека креаторите и дистрибутерите на дезинформации се скриени во некои подруми и дека демократијата ќе победи затоа што демократите ги држеа главните текови во демократскиот и западниот свет, денес веќе не е така – истите тие што ширеа лажни вести од подрумите, денес се мејнстрим политички играчи, лидери на исти држави и влади, тињ денес диктираат политички текови. Со други зборови – станува полошо.

Она што е нејасно е дали следно ќе се соочиме со конфликти во кои две или повеќе страни ќе се судрат со војна или пак конфликтите ќе продолжат да бидат предизвикани од хибридни напади – на пример, хаос во образовниот училишен систем поради масовни лажни пријави за лажни бомби, или координирани експлозии на пејџери, или пак хаос во сообраќајот поради упади со мобилни уреди во системот на Google Maps. Во секој случај, се чини дека ќе станува полошо.

На Северна Македонија исто така не ѝ оди добро ниту во одбраната од ниту во спречувањето со дезинформациите и хибридните напади.

Граѓанското општество и медиумите не ја прифатија подадената рака од Владата за заедничка борба против дезинформациите во периодот 2018 – 2021 година. Тие не се организираа ниту да направат ништо повеќе од проверка на фактите. Денес, прашање е дали програмите за проверка на фактите ќе опстанат со оглед на тоа што МЕТА веќе ја прекина соработката со нив, а УСАИД речиси и да не постои.

Владата на Северна Македонија беше признат лидер во транспарентноста и отвореноста во регионот од 2018 до 2023 година. Но, денес имаме влада која нема намера да се справува со дезинформациите, напротив таквите конфликтните наративи ѝ одат во прилог. Од оваа власт треба да очекуваме укинување на транспарентноста и отчетноста, окупација и контрола на медиумскиот простор, атак на слободите и назадување на медиумската и демократската писменост на младите. Само така може да дејствува влада блиска до Орбан.

Како можеме да се справиме со ваква криза?

Прво, потребен е притисок за транспарентност – изложување и демаскирање. Граѓанските организации, активистите, новинарите треба да се залагаат за транспарентност и одговорност на сите нивоа. Да се истражува, да се копа по факти, да се критикува, упортно да се поставуваат прашања додека не се добие одговор и да се биде гласен за секое неодговорено прашање.

Второ, потребни се одлучни акции од страна на демократските влади и институции – во земјите или општините каде што ги има. Добар пример за тоа е одлуката на Уставниот суд на Романија да ги поништи изборите поради надворешни хибридни влијанија во корист на еден од кандидатите, се разбира оној што е близок до Путин.

Трето, потребна е самоорганизација на алтернативни онлајн платформи кои не се контролирани од Илон Маск и таквите како него. Неопходна е хибридна акција за да се разоткријат дезинформаторите и да се промовираат факти и вистини. Доаѓа време кога вистината треба да протече и по улиците и по онлајн подрумите. Нашите канали за акција се јавните простори и безбедните онлајн платформи кои не се под контрола на политичките магнати. Потребна е повеќе содржина. Треба да произведеме по два демократски подкасти за секој антидемократски. Содржината е клучна. Без содржина, нема победа.

Четврто, ни треба силно НАТО. Неопходно е НАТО алијансата да остане посветена на спротиставувањето на хибридните напади и да ги промовира главните демократски наративи. Исто како што тоа го прави од почетокот на руската воена агресија против Украина. НАТО мора да ја продолжи својата одлична комуникациска битка, без оглед на позициите на САД за политиките на НАТО.

И конечно, ни треба одлучна Европа. Евидентното повлекување на американското влијание од Балканот сугерира дека најверојатно се ближи нашата последна можност за интеграција во ЕУ. Во меѓувреме, и руските и турските интереси стануваат се поизразени во нашиот регион. Кога станува збор за Северна Македонија и регионот, за жал, напорите на ЕУ да ги пренесе своите вредности и можности не беа секогаш поткрепени со конкретна испорака. Оваа неконзистентност доведе до губење на кредибилитетот кај пошироката јавност – Така, ЕУ овде почна да го губи својот кредибилитет, но загубата се прошири и кај сите политички партии, групи и организации кои јавно се залагаат за европска интеграција.

Сепак, поддршката на нашите граѓани за патот кон ЕУ останува стабилна, 65% поддрша во моментов. Тоа е прозорец на можности. Европа мора да го исполни она што веќе го вети и уште повеќе – ЕУ треба да дефинира нови резултати за да го обнови јавниот наратив и јавната поддршка во Северна Македонија и во регионот.

“Без разлика дали тоа ќе биде голема финансиска поддршка за капитални проекти, дали ќе биде нова инвестиција во воспоставувањето на Западен Балкан како отворена економска зона и единствен пазар, или можеби влез на нашите земји во Шенген системот или можеби вклучување на регионот во некој иден европски штит – ова е моментот, потребна е одлука и акција – ЕУ мора да испорача овој пат за да се спротистави на антиевропските и антидеократските дезинформациски напади“, изјави Забрчанец.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ