Марјан Забрчанец, посебен советник на премиерот за односи со јавноста, на својот Фејсбук профил сподели едно потсетување за исполнувањето на еден од петте носечки столбови на изборната програма на СДСМ во предизборието во 2016 година. Тој напиша:
Парите кај граѓаните – исполнето! ✅
На повеќе од година дена до истекот на мандатот, еден од петте носечки столбови на програмата на СДСМ од 2016 година, “За живот во Македонија”, е целосно исполнет.
Дополнително, социјалната помош е покачена за 300%, земјоделците точат нафта поевтина за 30%, ДДВ-то за парно се намали од 18% на 5% и следуваат субвенции за бесплатни инвертери за еколошко греење во домаќинствата. Сѐ ова е насочување на парите кај граѓаните, за семејствата да имаат поголем буџет.
Извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, бесплатни обуки за преквалификација на работната сила, и се разбира, судство ослободено од партиски притисоци, судство кое гони и покрева одговорност за секого.
https://www.facebook.com/zabrcanec/posts/10158726482766754