• Latest

Зад затворените врати на АНБ: Декласификација или манипулација – кој се плаши вистината да излезе на виделина?

September 4, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Зад затворените врати на АНБ: Декласификација или манипулација – кој се плаши вистината да излезе на виделина?

September 4, 2025 15:09
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група на СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), што власта сака да го претстави како наводен скандал. Декласификацијата е чекор кон обелоденување на вистината, а не манипулацијата. Декласификацијата ќе ги даде одговорите на сите прашања кои изминативе денови се поставуваат, а власта избегнува да ги одговори криејќи се зад класифицираните документи, реагира денеска пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Како што посочи таа на прес-конференција, за декласификација не е потребна судска одлука или насока, „како што излажаа од АНБ“.

„Законот за класифицирани информации вели дека тој што класифицира, тој и декласифицира. Или попрецизно член Член 14. Промената на степенот на класификацијата го врши создавачот. Но, има уште еден аргумент дека АНБ веднаш, без одлагање може да изврши декласификација, а тоа е членот 20, во кој стои: ‘Информацијата која е одредена со степен на класификација нема да се смета за класифицирана информација ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка’. Значи, ако се земат предвид сите претходни изјави од власта, за наводна злоупотреба и незаконско работење, овој член овозможува итна декласификација, без изговори и одолговлекувања“, нагласи Петровска.

ВМРО-ДПМНЕ веројатно нема намера да ги декласифицира документите врз основа на кои партискиот директор на АНБ, Бојан Христовски, тврди дека Агенцијата спроведувала специјални мерки против тогашниот лидер на опозицијата Христијан Мицкоски, новинари, бизнисмени и други политичари.

Според ВМРО-ДПМНЕ, само тој што издал наредба да се спроведат мерки има надлежност да донесе одлука да се декласифицираат документите, при што во „аферата“ ги вовлекува обвинителот Љупчо Коцевски и Врховниот суд како одговорен за одобрување на такви мерки.

„За документи од примена на мерки за следење на комуникации, АНБ е создавач само на предлог мерка. Наредбите се документ чиј создавач е Врховен суд, декласификација врши само создавачот. Сите документи од предлог, барање, наредби се поврзани и АНБ не одлучува сама. Во државата постојат институции кои треба да постапат по овој случај, според процедура. СДС бледо се обидува да ги заштити тие кои незаконски следеле и злоупотребувале“, се вели во едно од соопштенијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката Петровска како втор чекор кон вистината, додаде, е итно свикување на Комисијата за надзор над работата на АНБ.

„Пратениците кои сме членови на Комисијата мора да спроведеме надзор во работата на АНБ и да извршиме увид во документацијата која ќе биде декласифицирана, за да може потоа да ја известиме јавноста за наодите и сознанијата од надзорот. Со декласификацијата се надминува и пречката за свикување на седницата, а тоа е заради немање на безбедносен сертификат на претседателот. Со ваков прагматичен пристап многу брзо ќе се одговорат сите прашања и ќе се растера маглата која ДПМНЕ ја пушта, надевајќи се дека на овој начин ќе се заборават досегашните скандали и ова ќе им биде изговор за спојувањето на АНБ и АР“, истакна Петровска.

Премиерот, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на наводите на СДСМ дека материјалите од прислушкувањето се нашле кај жртвите и како институциите ги знаат деталите, истакна дека традиција е кога СДСМ е во Владата и кога СДСМ управува со службите во државата, да биде ВМРО-ДПМНЕ следен.

„Тоа што јас можам да го кажам, веќе го кажав во мојата изјава кога добивме информација за тоа што се случувало во периодот кога бев претседател на најголемата опозициска и најголемата политичка партија, во суштина ВМРО-ДПМНЕ. По природа на нештата, сега логично како претседател на Влада, да добиваме такви извештаи, не е тоа нешто чудно, не е тоа нешто страшно. Очекувам Обвинителството и Судството до крај да го истераат овој случај. Гледам во опозицијата се вознемирени, во СДСМ се вознемирени. И треба да бидат вознемирени затоа што со децении се злоупотребуваат ресурсите на службите. Порано на Управата за безбедност и контраразузнавање, сега Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, така што ценам дека треба еднаш за секогаш да се стави крај на злоупотребата на ресурсите за да влегуваме во туѓите човечки животи. Бедни се тие луѓе коишто наместо со себе, се занимаваат со другите луѓе“, рече Мицкоски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, истакна дека целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против претседателот Мицкоски, а со цел задржување на СДС(М) на власт.

„Пет години претседателот Мицкоски бил таргет на АНБ и АР, бил следен и прислушкуван, и секој негов чекор бил документиран. СДС(М) преку АНБ и АР воделе политичка битка. И сега кога се фатени на дело, СДС(М) наместо да се извинат, продолжуваат да сеат магла. Целиот систем на СДС(М) е демаскиран. Злоупотребени се АНБ и АР, но и ЈО, кое преку Љупчо Коцевски ги следело мерките“, вели Петрушевски.

Тој додава дека за прислушкувањето и следењето мора да има одговорност. Овој случај не смее да помине неказнет, за никогаш повеќе да не се повтори.

ВМРО-ДПМНЕ вчера побара да биде свикана итна седница на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ и АР, по наводите за незаконско прислушување во периодот од 2019 до 2024 година.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, член на Комисијата, го повика претседателот на собраниското тело Скендер Реџепи да закаже итна седница за да се утврди точен датум за официјална посета на Агенцијата за национална безбедност преку која ќе се изврши увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со случајот.

И поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник на СДСМ, Оливер Спасовски повика на итна декласификација на целата документација за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ.

Реџепи, пак, одби да свика седница со образложение дека е дискриминиран и дека не може да присуствува на седницата бидејќи сè уште нема одговор на барањето за безбедносен сертификат кое го побарал кон крајот на минатата година.

Дехран Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ