• Latest

Заедничкото е сечие, а не ничие

July 28, 2020
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Заедничкото е сечие, а не ничие

July 28, 2020 07:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Луѓето во Македонија немаат однос кон јавното/заедничкото добро.

Прво ги купуваме клупите, контејнерите…, а за да преживеат, треба и стражари да платиме

Пак уништен летниковец во парк шумата гази баба, градскиот парк во Скопје секоја вечер затрупан со ѓубре

Кој го штити, чува, јавниот имот во главниот град?

Со радари ќе се чуваат новите корпи за отпадоци

Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец цел на вандали

Одат на излет и ѓубрето си го оставаат таму

Свежо бетонираниот крак на улицата „Стамен Манов“ – моментално уништен

Уништен водопадот во Длабочица

Насилнички искршени клупите во паркот кај детската градинка Аличаир

…

Уништувањето на кантите за ѓубре е уништување на заедничкото добро, и уништувањето на зеленилото, и фрлањето смет на јавни површини, и градењето платформа на езерото Матка, и кршењето на детско игралиште, и поплочувањето на просторот покрај езерото, и испумпувањето вода од локалниот поток, и копачењето на асфлатот, и палењето на ѓубриштата и сечењето на трската во езерото и …

Едни велат дека за состојбата е виновно домашното воспитување, други дека проблемот има длабоки историски корени во непрепознавањето на државата како сопствена, трети  дека станува збор за примитивизам, четврти дека е во прашање сиромаштијата, петти дека насилството станува редовна појава која се манифестира и на ваков начин, … Најверојатно има од се’ по нешто.

Во секој случај, станува збор за сериозен проблем кој добива се’ поголем замав.

Луѓето во Македонија она што е сечие го третираат како ничие, како туѓа одговорност, како нешто што нема никаква врска со нив самите.

Дури и Законот погодува на едно вакво распространето гледање. Според членот 16 од Законот за сопствеост и други стварни права “Ствари во општа употреба се ствари во државна сопственост кои ги користат сите физички и правни лица. За стварите во општа употреба се грижи и со нив управува Република Македонија …“

Во моментот кога некоја ствар ќе се прогласи за државна сопственост и грижата за таа ствар е само и единствено на државата, граѓаните ја губат врската со таа ствар.

Во некој момент се губи фактот дека таа – стварта во општа употреба – е направена или се одржува од пари кои ги плаќа секој граѓанин, или, таа стварта во општа употреба е и моја, многу лична, купена со мои пари.

Во некој момент станува неважно дека таа – стварта во општа употреба е корисна и за мене и дека мојот (не нечиј туѓ) живот ќе биде потежок без постоењето на таа – стварта во општа употреба.

Во некој момент исчезнува податокот дека таа – стварта во општа употреба е неопходна не само за функционирање на заедницата како целина, туку за преживување на секоја одделна индивидуа.

Во некој момент патриотизмот и љубовта кон сопствениот народ, стануваат чиста апстракција која се истрошува со ритуално поклонување пред симболите, наместо заштита на заедничкото.

Сигурно за ваквиот однос може да се бараат корените и во воспитувањето и во историјата и во сиромаштијата и во …

Меѓутоа, јас лично мислам дека станува збор за многу подлабока деформација. Ме плаши можноста дека станува збор за инфатилност на целото општетсво која се базира на себичност, за таков облик на заостанување во развојот во кој се уште не е достигнато нивото на свест за припаѓање на заедницата.

Или дури и за она најлошото, сериозни психички пореметувања на ниво на заедница кои само се манифестираат во потполното отсуство на разбирање на заедничкото добро.

Отсуството на разбирање на поимот заедничко добро на локално ниво и на ниво на држава, подразбира дека не може да се очекува ни елементарно разбирање на климатските промени како резултат на нашето делување, ниту пак практикување на било кој облик на заштита на животната средина кој бара делување на секој поединец.

Ригорозното казнување  не е доволно. Ни воспитувањето. Мислам дека треба да пораснеме (како нација), или, да побараме професионална помош и да се лекуваме.

 


Сите права се задржани.  ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторката.
Print Friendly, PDF & Email
Share53Tweet33Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ